OHRID Institute
shadow

 

adobe

oi blog

oi_on_facebook

 

EICEE

NATO ARW

news events gallery

Мониторинг на Лидерство 2

Ја имаме честа да Ве поканиме на последната презентација од проектот „Мониторинг на лидерство 2“ кој го покрива периодот мај 2010 – август 2010. Овој извештај, воедно, претставува заокружување на вториот циклус на проектот Мониторинг на лидерство спроведен од страна на Институтот ОХРИД во временски рамки од септември 2008 – август 2010 година. Проектот „Мониторинг на Лидерство 2“ вклучува детални извештаи за активностите на Владата, наспроти активностите што се предвидени во нејзината Програма за работа во тековниот мандатен период. повеќе...

- Известување за медиуми

- Мониторинг на Лидерство мај 2010 - август 2010

Публикуван македонскиот придонес за EU-27 Watch бр.9

Новото издание на EU-27 Watch вклучувајќи го и извештајот за Македонија изработен од страна на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, сега е достапен на: www.EU-27Watch.org Ова издание дава осврт на актуелните национални дебати за европските политики во 27 ЕУ земји членки и 4 земји кандидати. Разработените теми во EU-27 Watch се: имплементација на Лисабонскиот договор, проширување и европската соседска политика, финансиската криза и економската политика, климата и енергетската политика. Компаративниот вовед претставува своевиден осврт на дебатите водени во 31 земја кои EU-27 Watch ги покрива. Пдф верзија на EU-27 Watch – овде...

Глобален индекс на конкурентност 2010/2011

Швајцарија и во најновото рангирање, останува најконкурентна земја во светот, објави денеска Светскиот економски форум (World Economic Forum). Македонија во годинешниот извештај на СЕФ за светската конкурентност за 2010/11 година се наоѓа на 79 место меѓу 139 држави, додека минатата година беше на 84. Втора земја по конкурентност е Шветска, трета - Сингапур, а на четвртото место се САД. Минатата година азискиот град-држава беше на трето, а Шведска на петто место. Во најновиот извештај Германија е на петто место, додека лани беше седма по конкурентност. повеќе...

Нации во транзиција 2010

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, Скопје го најавува најновото истражување и извештај на „Фридом Хаус“. Имено во новиот извештај на „Нации во транзиција 2010“ Република Македонија е оценета со 3,79 поени. Во рангирањето на „Фридом хаус“ единица значи највисоко, а седмица најнизок демократски развој. Од осумте категории врз кои се темели оценката, Македонија забележала напредок во категоријата изборен процес од 3,50 на 3,25 и во борбата против корупцијата од 4,25 на 4,00. Оценките за преостанатите категории останале исти како и во претходниот извештај - независноста на медиумите (4,25), цивилно општество (3,25), демократско владеење на национално ниво (4,00), демократско владеење на локално ниво (3,75) и правна рамка и независност на судството (4,00). повеќе...

Летен семинар во замокот Њувалдег 2010

Во последните осум години, секоја година 70 студенти од 28 земји од централна и источна Европа учествуваат на летниот семинар организиран од Образовната иницијатива за централна и источна Европа во Институтот Њувалдег во Виена, Австријa. Институтот ОХРИД како дел од ЕИЦЕЕ, традиционално трета година по ред е дел од организацијата на овој летен семинар. Имено, оваа година, студенти, постдипломци, професори и асистенти од различни дисциплини вклучувајќи психологија, филозофија, политика, бизнис, економија и право се поканети да аплицираат за предавањата од областа на економијата, етиката, био-етиката, политичката филозофија и метафизиката. повеќе...

Програма за стажанти

Со цел да изградиме мрежа на млади перспективни експерти и истражувачи од целиот свет кои се заинтересирани за Балканот, регионот и Република Македонија, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД ја започна програмата за стажанти на кои им овозможува да дојдат и да бидат дел од тимот на Институтот ОХРИД и воедно да спроведат истражувања за Македонија и за регионот. Стажантите на Институтот ОХРИД ќе спроведуваат истражувања и ќе учествуваат во работата на Институтот ОХРИД со што ќе се здобијат со несекојдневно и доста корисно искуство и знаење во однос на регионот и воопшто за работата на еден тинк-тенк. По завршувањето на стажирањето, стажантите остануваат дел од Институтот ОХРИД, дел од идни проекти и соработка. повеќе...

Индекс за квалитетот на живеење во светот

На листата на американската консалтинг компанија Мерсер, која традиционално еднаш годишно објавува листа на најдобри градови за живеење, главниот град на Република Македонија Скопје го рангираше на 152 место од 221 град. Најдобар град за живеење на светот, според листата, објавена минатата недела, е Виена, а најлош Багдад. Во топ-10 најпожелни урбани центри на листата на „Мерсер“ се и канадскиот Ванкувер, Оукленд во Нов Зеланд, германските Дизелдорф, Минхен и Франкфурт, швајцарскиот Берн и австралискиот Сиднеј. Брисел е 14-ти, Берлин 16-ти, Париз 33, Токио 35, Лондон 38, Вашингтон 44, Њујорк 49, Рим 55, Москва 168. повеќе...

Глобален извештај за мир

Република Македонија е рангирана на 83-то место од вкупно 149 земји во светот според Индексот на светскиот мир, а во регионот на Централна и Источна Европа се наоѓа на 15-то место од вкупно 27 држави. Според, Институтот за економија и мир, кој го објавува извештајот за 2010 година, почитувањето на човековите права во Македонија е подобрено, но сепак земјата не може да биде повисоко рангирана поради криминалот и лесниот пристап до оружје. повеќе...

ОИ - ПЕУ Македонија Меѓународна Конференција

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД во соработка со Паневропската унија на Македонија, на 26-ти мај 2010 година, организираше конференција на тема „Проширувањето на ЕУ: Помеѓу Лисабонскиот договор и економското закрепнување“. Конференцијата беше поддржана од Секретаријатот за европски прашања и Собранието на Република Македонија.Конференцијата се фокусираше на проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, а особено на прашањата и проблемите со кои овие земји се соочуваат во процесот на нивно интегрирање во Европската Унија, како и изнаоѓање на насоки за забрзување на интегративниот процес на истите, со посебен акцент на Република Македонија. повеќе...

Меѓународна серија конференции

Поради значајноста и големината на конференцијата Институтот ОХРИД по втор пат ја организира оваа конференција во Република Македонија. Имено, со ова Институтот ОХРИД развива традиција за оваа серија на меѓународни конференции. Тема на конференцијата во Скопје беа актуелните настани во светот, глобалната финансиска криза и светската рецесија. Генералната тема на целиот настан на овогодинешното "Free Market Road Show®" е “Последиците од високите износи на јавните долгови на европските земји – Консолидација на јавните буџети како приоритет”. Настанот во Скопје беше проследен од повеќе од 160 учесници - активни говорници: странски и домашни експерти, државни претставници, амбасадори, професори, политичари и бизнис лидери. повеќе...

Институтот ОХРИД заедно со своите меѓународни партнери од Австрија, САД, Велика Британија, Франција, Швајцарија, Белгија, Германија, Лихтенштајн, Романија, Чешка, Хрватска, Црна Гора и Србија, ќе бидат домаќини на најголемата серија конференции "Free Market Road Show®" 2010 која ќе помине 13 европски градови во периодот од 18 -26 мај 2010 година и од 7 до 16 септември 2010 година. "Free Market Road Show®" е еминентен настан, динамична серија на конференции на високо ниво каде бизнис лидери, универзитетски професори, политичари, економисти и новинари патуваат низ повеќе европски градови во кои, заедно со локални партнери и колеги, отвараат платформи за дискусија по прашања поврзани со глобалните случувања на економски план. Оваа година, караванот ќе го задржи истото темпо само овојпат со уште повеќе говорници, поголема масовност и актуелни теми за дискутирање. Конференцијата во Скопје се планира да трае еден ден, и настанот ќе биде од јавен карактер со околу 30 учесници- странски и домашни експерти, државни претставници, амбасадори, професори, политичари и бизнис лидери. Оваа меѓународна конференција ќе демонстрира подготвеност на земјата за справување со кризата и проблемите кои се јавуваат на пазарот. Овие дискусии ќе придонесат за креирање на нови идеи, решенија и опции за имплементација на реформи во економската сфера. Конференцијата во Македонија ќе вклучи еминентни личности од повеќе сфери во интелектуалниот свет при што, покрај гостите од Европа и САД ќе бидат вклучени и меѓународната заедница, приватниот сектор и граѓанското општество.Овогодинешната конференција, Институтот ОХРИД ја организира во соработка со Универзитетот Американ Колеџ и Сојузот на стопански комори на Република Македонија. Конференцијата ќе се одржи на 26-ти мај, 2010 година во хотел Холидеј Ин. Ќе ни биде чест и особено задоволство доколку и Вие присуствувате и го проследите овој настан.

Ве молиме потврдете го Вашето присуство на e-mail: info@oi.org.mk, на телефон: 02/ 322 44 57 или пак регистрирајте се на http://www.freemarket-rs.com/

Лисабонски Преглед 2010

Според рангирањето од страна на Светскиот економски форум (World Economic Forum) во однос на спроведувањето на целите од Лисабонскиот договор за економски и структурни реформи, Република Македонија се наоѓа на петтото место, во група од 11 земји од источна Европа кои не се членки на ЕУ. Според крајниот индекс, Црна Гора го завзема првото место со резултат од 4,19, а веднаш зад неа е Хрватска со 4,18. Македонија е на петтото место со 3,79, Србија на осмото место со 3,51, а на последното 11-то место е Босна и Херцеговина со 3,07. Република Македонија со 3,79 ја надминува Бугарија, која заедно со Романија се наоѓа на претпоследното, односно на последното место на ранг листата од ЕУ-27. повеќе...

Рамни пропорционални даноци на доход 2010

Даноците секогаш ги попречуваат или уништуваат економските активности. Најразорниот данок е данокот на доход. Затоа Светската асоцијација на даночни обврзници се фокусираше на реформирање на овие системи. Во 1993 год., само една земја во светот, Хонг Конг, земјата со најслободната економија, имаше рамен данок на доход. Во 1994 год., трите балтички земји воведоа рамен данок на доход. Првиот во западниот свет. Шест години подоцна, г-дин Март Лаар, Премиерот на Естонија во тоа време, во својот говор на Светската конференција на даночни обврзници во Естонија рече дека треба да се прошири рамниот данок низ светот. повеќе...

Глобалната информациска технологија 2009 – 2010

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, Скопје ги објавува најновите податоци од истражувањето на Светскиот економски форум – Извештај за глобалната информациска технологија за 2009 -2010 година. Извештајот го оценува нивото на влијанието на информациите и комуникациската технологија за зголемен развој и пораст на 133 економии во светот. Оваа година, Извештајот ја истакнува улогата на ИКТ како овозможувач на поодржлив економски, општествен и социјален свет во посткризниот период во најголемата светска економска криза. повеќе...

Соопштение за јавноста

На 10-ти март 2010 година, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, Скопје одржa презентација на вториот Извештај од следењето и оценката за реализирањето на програмските активности на Владата на Република Македонија. Презентацијата на вториот извештај од следењето на активностите на Владата на Република Македонија го покрива периодот ноември 2009 – јануари 2010 година. Овој извештај, воедно, претставува продолжение на вториот циклус на проектот Мониторинг на лидерство спроведен од страна на Институтот ОХРИД, реализиран во текот на 2007 и 2008 година. повеќе...

Мониторинг на Лидерство 2

Ве покануваме на презентацијата на резултатите од вториот извештај од проектот „Мониторинг на лидерство 2“, реализиран од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – ОХРИД. Презентацијата на вториот извештај од следењето на активностите на Владата на Република Македонија го покрива периодот ноември 2009 – јануари 2010 година. Овој извештај, воедно, претставува продолжение на вториот циклус на проектот Мониторинг на лидерство спроведен од страна на Институтот ОХРИД. повеќе...

Меѓународниот индекс за права на сопственост за 2010

ОХРИД Институтот за економски стратегии и меѓународни односи со гордост го објавува издавањето на Меѓународниот индекс за права на сопственост за 2010 год. (ИПРИ), кој ги мери интелектуалните и физичките права на сопственост 125 држави од целиот свет. Оваа година, 62 меѓународни организации, вклучувајќи го и ОХРИД Институтот, беа партнери на Алијансата за права на сопственост во Вашингтон и на Програмата на Хернандо де Сото за создавање на четвртиот годишен ИПРИ. ИПРИ користи три примарни области на права на сопственост за да создаде сложени поени: Правна и политичка средина, Права на физичка сопственост и Права на интелектуална сопственост. повеќе...

Конференција за правото и суверенитетот

Со цел да стимулираме и поттикнеме понатамошна дебата за правото и суверенитетот во ера на глобализацијата, Институтот ОХРИД, Скопје Ве кани на првата годишна конференција за правото и суверенитетот, организирана во соработка на Федералното општество за право и политички студии сместено во Вашингтон и Образовната иницијатива за централна и источна Европа во Виена. Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, Скопје е претставник за Македонија и дел од мрежата на ЕИЦЕЕ. повеќе....

Архива 2010

Архива 2009

15.12.2009 - Мониторинг на Лидерство 2. Сооштение тука...

24.11.2009 - Индекс за перцепција на корупцијата 2009

12.11.2009 - JCR ја оцени Македонија

08.10.2009 - Индекс на Просперитет 2009

05.09.2009 - Стандард & Пурс

15.07.2009 - Програма за стажанти

01.07.2009 - Фридом Хаус

10.06.2009 - Промоција на книга „Препораки за развој на патната и железничката инфраструктура во Република Македонија“.

12.05.2009 - Гости меѓународни предавачи Др. Пјер Гарело и Др. Волфганг Мулер.

11.05.2009 - Free Market Road Show 2009 агендата може да ја превземете тука...

04.05.2009 - Гостин меѓународен предавач Др. Волтер Андрусизин Соопштение за јавноста тука...

16.04.2009 - Повик за примање на текстови ГЛОБАЛ бр.4

09.04.2009 - Гостин меѓународен предавач Др. Роман Јох соопштение за предавњето тука...

06.04.2009 - Петиција за слбода на тргување

02.04.2009 - Гостин меѓународен предавач Др. Харди Бујон соопштение за јавноста тука...

31.03.2009 - Најдобри земји за водење на бизнис

22.03.2009 - Избори во Македонија

12.03.2009 - Гостин меѓународен предавач Др. Бенедикт Коен

24.02.2009 - Права на Сопственост 2009 ( Детална анализа за Република Македонија тука...)

19.02.2009 - Гостин меѓународен предавач Др. Барбара Колм

19.02.2009 - Промовирана Меѓународаната Образовна Програма

13.02.2009 - Меѓународна Образовна Програма

28.01.2009 - Светски индекс на глобализација 2009

13.01.2009 - Економска слобода 2009 ( соопштение за јавност тука, анализа за Македонија тука )

13.01.2009 - Слобода во светот 2009

02.01.2009 - ОИ го објавува Спендометарот

Архива 2008

16.12.2088 - Данок на доход во светот

03.12.2008 - " Стандард и Пурс " рејтинг

20.11.2008 - Фридом Хаус извештај

12.11.2008 - Извештај за конкурентност

09.10.2008 - Светски економски форум

24.09.2008 - Економска слобода во светот

23.09.2008 - Перцепција на корупцијата

22.09.2008 - НАТО Работилница извештај

19.09.2008 - НАТО Работилница за напредно изтражување

10.09.2008 - Како се прави бизнис 2009

10.07.2008 - Промоција на книга од Д-р. Томе Неновски

30.06.2008 - Најдобри земји за водење бизнис

25.06.2008 - Развој на демократијата 2008

23.06.2008 - Отворена позиција за Грант координатор

15.06.2008 - Објавен 2 број на списанието ГЛОБАЛ

12.06.2008 - Институтот Охрид дел од ЕИЦЕЕ

09.06.2008 - Повик за примање на текстови за 3 број на списанието ГЛОБАЛ

06.06.2008 - Македонија на 4-то место

21.03.2008 - Мониторинг на Лидерство 5-ти Извештај

11.03.2008 - Меѓународен Индекс за Права на Сопственост 2008

06.03.2008 - Промоција на книга: " Следните граници на Европа " на албански јазик (Агенда, Покана Соопштение)

19.02.2008 - НАТО - Букурешт и потоа (Конференција на претседателите на комисиите за надворешни работи и одбрана)

20.01.2008 - Брзото воведување на рамниот данок - од 2008

07.01.2008 - Повик за примање текстови за ГЛОБАЛ бр.1

Архива 2007

19.12.2007 - " Мониторинг на Лидерство " извештаи 3 и 4

15.12.2007 - " Политички Дијалог 2007 "

12.12.2007 - "Културните разлики и општествената интеграција: Македонија пред и по Рамковниот договор" книга од д-р Ганка Цветанова.

30.08.2007- Проект "Мониторинг на Лидерство" извештаи: Септември - Мај 2007 ; Јуни - Јули 2007.

12.06.2007 - Дебата на Тинк-Тенк мрежата во Македонија

21.05.2007 - Предавање: " Европската Унија и Правото на Европската Унија " кое го одржа Професор Албер Зигберт

18.04.2007 - Промоција на новоиздадени две книги на Др. Ветон Латифи

11.04.2007 - Предавање: " Бугарија, Македонија и проширувањето на Е.У. " кое го одржа г-дин Иван Крастев.

05.04.2007 - Презентација на резултатите од анкетата спроведена во Март

23.02.2007 - Предавање: "Advocacy and Lobbying in politics" koe го одржа г-дин Кенет Брикер, директор на ИРИ за Р. Србија.

08.02.2007 - Промоција на книгата " Следните граници на Европа " од Др. Оли Рен


Архива 2006

повеќе

Пријави се на нашата маилинг листа:

Информатор Глобал

Мандат за Лидерство

shadow
На почетна