Фридом Хаус 2012
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид традиционално го следи местото на Република Македонија во светските индекси, имено како Република Македонија е рангирана во однос на различни индикатори. Според нивото на демократија, Македонија е делумно слободна земја, се наведува во годишниот извештај на организацијата “Фридом хаус и е оценета со оценка 3 од еден до седум.
Фридом Хаус е независна невладина организација која ја поддржува слободата во светот и од 1972 година ги мониторира граѓанските права и бариери насекаде низ светот. повеќе...
Индекс за економска слобода
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, со огромно задоволство го објавува Индексот на економска слобода за 2012 година, подготвен од страна на Фондацијата Херитиџ и Вол Стрит Журнал. Имено, во индексот за 2012, Република Македонија е рангирана на 43то место во светот во однос на економската слобода, додека пак во регионот е лидер и е рангирана на првото место. Република Македонија се наоаѓа во ранкот на земји со умерена економска слобода. повеќе...
Работилници
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид како дел од програмата “Политички дијалог помеѓу младите политичари“ одржа работилници во кои млади политичари од 14 партии во мешани групи работеа на креирање заеднички иницијативи кои би помогнале за зголемување на дијалогот, подобрување на одредени сегменти во општеството во однос на просперитетот на младите луѓе. Повеќе на www.youthpoliticaldialogue.mk
Водење на бизнис 2012
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид ја има честа да го објави Индексот за водење бизнис за Република Македонија за 2012 година. Република Македонија е трета најдобра земја за водење бизнис во светот во 2012 година според податоците на Светска банка. Република Македонија е рангирана меѓу првите дваесет реформатори, односно меѓу 10-тото и 20-тото место во извештајот ,,Doing business” за 2012 година на Светска банка. повеќе...
Политички тренинзи
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид ги заокружи и успешно ги имплементираше тренинзите од програмата “Политички дијалог меѓу младите политичари во Република Македонија“. Институтот Охрид се залага за поголема едукација на младите политичари и притоа преку програмата и активностите им нуди платформа за дискусија, дебата, едукација и подобрување на политичкиот дијалог помеѓу нив. Како и досега, на наше големо задоволство сите поканети партии, односно 15 политички организации на младинско ниво ја прифатија поканата и активно учествуваа на тренинзите. повеќе...
Индекс за економска слобода 2011
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи –Охрид ја има честа да го објави Индексот на економска слобода за 2011 година. Индексот е подготвен од Фондацијата Херитиџ, а Институтот Охрид како партнер на Херитиџ фондацијата, ја преведе и објави анализата за Република Македонија. Веќе многу години Вол Стрит Журнал ја оценуваат и мерат наклонетоста кон слободниот пазарен капитализам, на земјите во светот и Европа, во индексот за ,,Економска Слобода.’’повеќе...
Сепартиски фудбалски турнир
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид под покровителство на Амбасадата на Соединетите Американски Држави го организираше сепартискиот фудбалски турнир “Заедно за заеднички успех“. Турнирот се одржа на 25ти и 26ти јуни 2011 година. На наше огромно задоволство, младите политички активисти од 18 политички партии, кои беа распоредени во 8 екипи, прифатија да бидат дел од овој турнир чија цел беше да промовира еден дух на соработка и заедништво, дружење и интеракција помеѓу младите политички активисти од различна политичка и етничка припадност. повеќе...
* Записник од сепартискиот фудбалски турнир тука...
Меѓународен индекс за правата на сопственост 2011
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД го објавува издавањето на Меѓународниот индекс за права на сопственост за 2011 год. (ИПРИ), кој ги мери интелектуалните и физичките права на сопственост на 129 држави од целиот свет. Оваа година, Институтот ОХРИД заедно со повеќе меѓународни организации ширум светот, беа партнери на Алијансата за права на сопственост во Вашингтон и на Програмата на Хернандо де Сото за создавање на петтиот годишен ИПРИ.ИПРИ користи три примарни области на права на сопственост за да создаде сложени поени: Правна и политичка средина, Права на физичка сопственост и Права на интелектуална сопственост. повеќе...
Предавање на Едвард Кукан
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид во соработка со Паневропската Унија на Македонија на 21.02.2011, во хотел Холидеј Ин, го одржа предавањето на кое што специјален гостин беше господинот Едвард Кукан. Господинот Едвард Кукан е член на Европскиот Парламент и поранешен Министер за надворешни работи во Владата на Република Словачка. Многумина го нарекуваат “татко на европските интеграции на Словачка“ и важи за човек со огромно искуство во полето на евроинтеграциите. повеќе...
Предавање на почесниот гостин Н.Е. Георг фон Хабсбург
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид во соработка со Паневропската унија на Македонија одржа предавање во чест на почесниот гостин Н.Е. Георг фон Хабсбург, Амбасадор за Европски прашања во Владата на Република Унгарија. Н.Е. Георг Фон Хабсбург е најмалиот син на Ото фон Хабсбург, последниот император на Австро-Унгарија и наследник на династијата Хабсбург. Темата на која говореше ценетиот гостин од Унгарија е: „Приоритетите на Европската Унија за време на Унгарското претседавање и унгарските искуства во процесот на пристапување кон Европската Унија“. повеќе...

После неколку месечна исцрпна припрема Институтот за економски стратегии и меѓународни односи го финализираше проектот Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија. Подмладоците на 18 политички партии во Македонија одговорија на иницијативата и доследно и коректно истата ја проследија.
Трите големи форуми се одржаа во Скопје, на различни теми кои во главно се фокусираа на политичкиот дијалог, политичката култура, иницијативите и комуникацијата помеѓу младите политичари од различните политички партии.
На трите големи форуми присуствуваа преку 160 млади учесници, кои коректно дискутираа на заедничките теми. Младите покажаа извонредна конструктивност, покажаа потреба за ваков дијалог и желба за дискусии и конкретни иницијативи.
По обработкатата на заклучоците истите ќе бидат објавени на официјалната страна на проектот www.youthpoliticaldialogue.mk и на официјалната страна на Институтот Охрид. Сликите од настаните можете да ги погледнете тука....
Индекс на Корупција 2010
Според индексот на перцепција на корупцијата изработен од страна на „Транспаренси интернешнл“ Република Македонија е на 62-то место со 4,1 индексен поен, што е подобрување за девет позиции од лани кога беше 71. со 3,8 индексни поени. Подобрувањето на индексниот поен оваа година во однос на лани е за 0,3.
Индексот на перцепција на корупцијата го покажува степенот на корупција перципирана во јавниот сектор. Државите се оценуваат со скала од 10 (многу чисти од корупција) до нула (многу корумпирани). повеќе...