OHRID Institute
shadow
 

EICEE

NATO ARW

ipri

Работилницата за напредно истражување на тема

„Развој на идејни и политички мислења за национални и регионални стратегии за безбедност во државите на Југо-Источна Европа базирани на сценарија“

19-21 Септември 2008, Скопје, Република Македонија

 

Во период од 19-22 септември во х. Арка во Скопје се одржa Работилницата за напредно истражување на тема „Развој на идејни и политички мислења за националната и регионална стратегија за безбедност  во Југо-Источна Европа базирана на сценарија“, во организација од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, во соработка со Атлансткиот клуб од Бугарија.
Напредната истражувачка работилница за развивање на концептуални и политички согледувања за национални и регионални безбедносни стратегии во југоисточна Европа врз основа на сценарио, е спонзорирана од Програмата на НАТО наречена Програма - Наука за Мир и Безбедност.  NATO Science for Peace and Security Programme. Целта на оваа Програма е да придонесе кон безбедноста, стабилноста и солидарноста помеѓу нациите, со примена на најдобрите технички искуства во решавањето на проблемите. Соработката, вмрежувањето и изградбата на капацитетите се инструментите кои се користат за постигнување на оваа цел. Дополнителна цел е да се олесни континуираниот демократски пристап и поддршка на економскиот развој во партнерските држави на НАТО.

Комисијата за наука за мир и безбедност во суштина е НАТО комисија која ја поддржува практичната соработка во општествените науки и иновациите. Оваа нова организација ги надгледува програмите кои придонесуваат кон мисијата на НАТО преку поврзување на науката и општеството, преку проекти кои се спроведуваат во рамките на добро воспоставените процедури. Таа се фокусира на безбедноста, еколошката одржливост и другите утврдени приоритети од партнерските држави. Оваа програма исто така му овозможува на НАТО да ја демонстрира својата заложба за практични, видливи проекти со материјален исход.Во таа линија и за таа цел е и партнерството на Институтот ОХРИД како организација од партнерска држава и Атлантскиот Клуб како организација од држава членка на НАТО за одржување на овој форум токму на територијата на Република Македонија, како партнерска држава со придонес во НАТО.

Институтот ОХРИД во својата мисија има зацртано дека ја поддржува Македонија на патот на евро-атланските интеграции и веќе има искуство во публикации и истражувања како и во организирање на конференции на оваа тема, како на пример последната конференција Нато Букурешт и потоа, организирана во партнерство со Собранието на Република Македонија.

Атлантскиот Клуб е првата атлантска невладина организација создадена уште пред распаѓањето на варшавскиот пакт на територијата на дрчава не-членка на НАТО и активен учесник во меѓународен план за поддршка на евроатлантските политички безбедносни и економски структури и стремежи на партнерските држави.

Ние како организатори сметаме дека општествените науки се покажаа како многу ефикасен двигател на меѓународниот дијалог поради нивната универзалност и зависност од меѓународните мрежи. Знаењето кое е составен дел на овие научни мрежи може да се примени на растечките закани со кои се соочува Алијансата. Науката е истовремено и инструмент за давање на одговор на најважните прашања и начин за поврзување на нациите.

Затоа, овој Форум како дел од оваа програма има многу важна улога во утврдувањето на растечките прашања поврзани со безбедноста и науката, кои се релевантни не само за мисијата на НАТО и државните институции, туку и за сите заинтересирани.Работилницата и потоа публикацијата ке овозможи единствен форум за споделување на знаење и искуство на технички, научен и политички аспект за социјални и економски прашања во граѓанскиот и воен сектор кај НАТО и партнерските држави во регионот на југоисточна Европа.

Оваа работилница за напредно истражување има за цел да создаде идеи за начинот на кој може да се развива севкупната безбедносна ситуација во југоисточна Европа во следната деценија. Беа разгледувани следните прашања:

  • Како регионот на југоисточна Европа ќе изгледа од политички, економски и безбедносен аспект по новиот статус на земјите (и нивното членство во ЕУ и НАТО) и ќе почне да произведува политички, психолошки и физички резултати? 
  • Каква перцпеција за заедничка закана ќе имаат општествата, политичките и воените елити на регионалните држави во перспектива на следните десет години. Дали „националните прашања“ на секоја поединечна регионална земја ќе еволуираат и на кој начин овие ги рефлектираат нивните безбедносни барања?
  • Потоа, под влијание на таквите промени, дали може да бидат засегнати националните и регионалните безбедносни стратегии и политики? Каква промена може да се очекува во националните и регионалната безбедносна парадигма? Што може да се гледа како заедничка национална безбедносна матрица за државите од регионот?
  • На кој начин промените во безбедносната ситуација ќе влијаат на НАТО во смисол на заедничка стратегија и ангажирање?

Оваа работилница се фокусираше на остварливите карактеристики на идното сеопфатно безбедносно опкружување во југоисточна Европа. Експертите по економија, политички науки, социологија, безбедност, екологија и одбрана толкуваа алтернативен развој на овие фактори и услови кои го утврдуваат „Балканското безбедносно опкружување“. Со користење на посебен софтвер, работилницата генерираше остварливи сценарија за регионот во перспектива на следните 10 години. Започнувајќи со анализа на тоа што се случува на Балканот и дискусија за она што може да очекуваме дека ќе се случува од поширок безбедносен аспект.
Почетната претпоставка е дека доминантните безбедносни парадигми се длабоко вкоренети во минатото и без соодветно и времено прилагодување би можеле да станат сериозна пречка за севкупниот демократски развој на општествата. Во рамките на програмата, учесниците ги утврдија оние основни компоненти на новата безбедносна парадигма и соодветните политички препораки кои би можеле да го насочуваат политичкото однесување на регионалните власти и општества.

Логиката на дополнителното стабилизирање на југоисточна Европа бара не само сложени одлуки за постигнување на долготраен мир и стабилност во регионот туку исто така и длабоки трансформации во регионалните општества кои имаат за цел да го постават својот иден развој на инстант демократски вредности и норми. Заеднички е прифатено дека растечкиот јаз помеѓу јавната и политичката елита, како растечката недоверба во демократските институции е суштината на политиката на Балканот денес. Оваа трансформација вклучува укинување на причините за насилни конфликти, борба против сиромаштијата на луѓето во целиот регион и јасна европска и евро-атлантска перспектива. Наместо митови и стереотипи, кои до неодамна се користеа да се објасни ситуацијата во југоисточна Европа, потребни се интензивни, долготрајни и реалистични визии и политики на соработка помеѓу државите од регионот. Излезот од долготрајните регионални кризи не е само во решителното ангажирање на НАТО и ЕУ во регионот туку преку суштинската политичка, воена и економска регионална солидарност и соработка. Доколку државниците на Балканот сериозно сфатија дека државите треба да се движат напред во насока на стабилност и просперитет наместо да бидат на половина пат некаде помеѓу европскиот сон и локалниот национализам, корумпираните администрации, технолошката назадност и загубена верба во општеството.

Повеќето од регионалните држави се уште се затворени во старите концепти на национална безбедност кои се фокусирани на гарантирање само на атрибутот на државноста. Овие концепти се базираат на длабоко вкоренети историски взаемни сомнежи и премногу нагласени во суверенитетот. Правило е локалните општества да им даваат најголема доверба на националистичките политичари, на црквата, на војската и на другите симболи на „цврста рака“. Иако е добро потврден факт дека повеќето од криминалните господари се најверните политички донатори и локалните мафии се етнички базирани мрежи. Оваа комбинација на етницитет и криминалитет, социјално незадоволство и националистички популизам е суштински елемент во целосната безбедносна ситуација. Од суштинско значење е НАТО и ЕУ да донесат поголема стабилност во регионот преку помагање на овие држави во нивните општи демократски процеси, но ова ќе биде долга и скапа мисија доколку немаме процеси базирани „од дното-нагоре“.

Со користење на сценарио методологијата, се отвори можност за изготвување концептуални размислувања и политички препораки, како платформа за модернизација на националните и регионалните безбедносни стратегии на државите во југоисточна Европа. Потребен е дијалог за да се промени проценката на заканите. Проценките тука се гледаат како динамична и променлива перцепција, која подразбира општи цели, закани, стравувања, идентитети и други елементи на стварноста. Проценката на заканите има долгорочни ефекти и вклучува материјалистичка моќ во себе – на долг рок, парадигмите може да се променат. Повратниот одговор создаден во процесот на проценка служи како директна основа за понатамошниот развој.

Работилницата претставува значителен придонес за толку потребното базично ре-обмислување на аналитичката рамка за евалуација на шансите и ризиците за демократска, безбедна и просперитетна иднина на Балканот, и воведување на сценарио методот како инструмент за модерно и ефективно помагање на одлуките. Во овој контекст, оваа работилница треба да се смета како продолжување програмата поддржувана од НАТО „Вежба по однапред подготвено сценарио за еволуција на спектарот на закани и импликациите за управувањето со секторот на безбедност во евро-атлантската област, на швајцарската CASIN програма и на состанокот на „Мрежата на млади“ за „проценка на регионалните интереси и безбедносни закани“.Учесниците на конференцијата дадоа значителен придонес за изработка на можните сценарија.                                                    

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД е независен професионален тинк тенк,  дизајниран да обезбеди непартиско и политичко истражување за прашања од економијата и политиката значајни за македонското оштество, да го зголеми  учеството на граѓаните во развојот на јавниот дијалог и креирањето на политики.

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид како непрофитна организација, независна од секакви верски, деловни или владини групи, се стреми да одржува добри односи со креаторите на политики со различен идеолошки предзнак. Институтот Охрид е центар за студии, истражување, воспоставување односи и подигање на јавната свест за прашања кои се однесуваат на владеењето, политиката, економијата, општеството и културата, со визија – подобра иднина за граѓаните на Република Македонија и интегрирањето во ЕУ и  НАТО. Мисијата на Институтот Охрид е да им обезбеди на македонската јавност и на политичките институции алтернативни перспективи за прашањата од областа на економијата и надворешната политика, за постигнување на слободно, правично и просперитетно општество. Работата на Институтот ОХРИД се базира на универзалните идеали на демократија, индивидуална одговорност, слободни пазари и претприемништво. Институт Охрид допира до јавноста и до медиумите за да се осигура дека идеите се слушнати и, истовремено, работи со креаторите на политиките за да обезбеди дека истите се имплементирани. Институтот ОХРИД верува дека постои силна потреба од ефективни локални институции кои се посветени на истражување, образование и застапување што ќе ја подобри климата со текот на времето и ќе го зајакне демократското општество.

 

Глобал

shadow
На почетна