OHRID Institute
shadow
 

EICEE

NATO ARW

ipri

Република Македонија има 61,2 % економска слобода

Позиција во светот: 78-ма од 183

Регионална позиција :33-та од 43 земји

koricaИнститутот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД ја има честа да го објави Индексот на економска слобода за 2009 година. Индексот е подготвен од Фондацијата Херитиџ а Институтот ОХРИД како партнер на Херитиџ фондацијата ја преведе и објави анализата за Република Македонија. Веќе 15 години Вол Стрит Журнал и Фондацијата Херитиџ ја оценуваат и мерат наклонетоста кон слободниот пазарен капитализам на земјите во светот и Европа во "Индексот за економска слобода". Фондацијата Херитиџ е конзервативен тинк-тенк со седиште во Вашингтон, САД. Фондацијата Херитиџ е основана во 1978 година и е доста влијателна во политичките кругови на САД. Мисијата на фондацијата е да се формулираат и промовираат конзервативните јавни политики базирани на принципите на слободни претпријатија, индивидуална слобода, традиционални вредности и силна национална одбрана. 

Индексот за 2009 година, објавен оваа недела овозможува силни докази за поврзаноста на слободата на економијата сп растот и просперитетот на државите во светот. Економската слобода воедно претставува предуслов за политичка слобода, имено колку поголема е економската слобода толку поголем ќе биде и економскиот раст и развој. Оваа година за прв пат Индексот ја поврзува економската слобода заедно со други важни општествени вредности како намалување на сиромаштијата, човечкиот развој, политичка слобода и заштита на средината.

Покривајќи 183 земји во 10 посебни полиња, Индексот на економска слобода за 2009 година, го следи значењето на економската слобода за просперитетот на државите. Д-р Ед Фулнер, Претседател на Фондацијата Херитиџ и Американскиот Амбасадор г-дин Тери Милер, директор на Центарот за меѓународна трговија и економија кој воедно е и уредник на Индексот на економска слобода 2009 ги објавија овогодинешните резултати во Хонг Конг, кој веќе неколку години е и лидер во Индексот на глобалната класификација за економска слобода. Индексот нуди временски прецизна формула за постојан развој.

Во однос на економската состојба Македонија има 61,2%,  што ја прави 78 –ма слободна економија во индексот за 2009 година. Местото на табелата остана скоро непроменетo  од минатата година, притоа резултирајќи со опаѓање на бизнис слободата со што компензира со подобрување на слободата од корупција. Македонија е рангирана на 33 - тото место од 43 земји во Европа и регионот. Трансформацијата на македонската економија во пазарна економија сеуште продолжува. Во последните години, земјата постигна стабилен годишен пораст од околу 3%. Македонија покажува висок степен на пазарна трговија, фискална слобода и монетарна слобода. Стапките на персоналниот и корпоративниот данок наekon-sloboda доход се доста конкурентни, и монетарната стабилност е релативно добро задржана. Со својата просечна царинска такса и нецаринска бариера, Македонија е генерално отворена за глобална трговија. Но на Македонија и недостасува институционален капацитет за заштита на правата на сопственост и за борбата против корупцијата.  Со тоа креирањето на средина која е вистински корисна за динамичен економски пораст останува предизвик.Водечката позиција и оваа година ја задржа Хонг Конг, кој е оценет со 90 поени, следат Сингапур (87,1), Австралија (82,6), Ирска (82,2) и Нов Зеланд (82).

Од земјите од регионот, најдобро е оценета Бугарија, која е рангирана на 56 место. Следат Албанија (62), Словенија (68), Македонија (78),  Грција (81), Црна Гора (94), Србија (109), Хрватска (116) и Босна и Херцеговина, која се најде на 134 место. Во истражувањето Македонија доби многу високи оценки за фискалната (89,4) монетарната (85,4), и слободата на тргување (81,6). Ниски оценки, кои значат лоши сигнали за бизнис, Македонија доби во делот на заштита на сопственоста (30) и степенот на корупцијата (33). Средни оценки државата доби во категориите: слобода за инвестициите (50), водење на бизнис (58,2) работничките права (59,8), финансиска слобода (60) и економското работење на владата (65,2). Од slob-ekonанализите може да се види дека генерално Република Македонија има поголема економска слобода од Грција, посебно во делот на фискалната слобода каде има за 20,5% повеќе од Грција. Со посебна анализа може да се забележи дека Република Македонија има поголема слобода во делот на трговска слобода, големина на влада, монетарна слобода и финансиска слобода.На дното на листата се Еритреја, Бурма, Куба, Зимбабве, а Северна Кореја е државата каде економската слобода е најмала во светот.

 

Податоци  за економската слобода во Република Македонија во текот на 8 години:

Година

2009

   2008                   

2007 

2006 

2005 

2004  

2003

2002

Македонија  

61.2 % 

61.1%    

60.6%    

59.2%    

56.1 %   

56.8 %

 60.1%    

58.0%

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД од своето оформување го следи овој Индекс и го прати местото на Република Македонија во светската, европската и регионалната калсификација. Македонија има направено значителен прогрес во однос на економската слобода и поединечно во сите области.

"Измерените податоци во Индексот на Економска слобода во рок од 15 години треба да ги поттикнат реформерите на секаде низ светот. Јасно е дека чекорите за подобрување на економското достигнување се достапни за сите земји во сите етапи на развојот.  Се започнува со основното: слобода од корупција и почит спрема правата на сопственост. Во овие две категории најсиромашните земји се позиционираат многу пониско од светскиот просек. Најбогатите земји треба да обрнат посебно внимание на обемот на владата и даночните стапки. Прераспределбата на предизвиците и искушенијата на утопискиот социјализам го убиваат економскиот развој. Сите земји треба да осигураат регулаторна средина во која бизнисмените и работниците ќе имаат право на слободна конкуренција на ниво на поле за натпревар. Тие треба да одржат  реални и стабилни валутни нивоа и ниска инфлација на трговија и инвестиција која ќе осигура развој и иновација. Економската слобода не е план или идеологија. Сепак, претставува антитеза на централното планирање и владина контрола. Економската слобода е закана само за  посебните привилегии и интереси. Таа претставува револуционерен економски дупликат на демократскиот политички плурализам. Им дава моќ на сиромашните и ја гради средната класа."

Н.Е. Тери Милер, Американски амбасадор
Уредник, „Индекс на економска слобода 2009– 15 годишнина“
Директор, Центар за меѓународна трговија и економија, Фондација Херитиџ

                                                           

                                                        * * *

Подетална анализа за македонската позиција во индексот

mk-map

Десет економски слободи во Република Македонија

58.2

Бизнис слобода

Просек 64.3

50.0

Инвестициска слобода

Просек 48.8

81.6

Слободна трговија

Просек 73.2

60.0

Финансиска слобода

Просек 49.1

89.4

Фискална слобода

Просек 74.9

30.0

Право на сопственост

Просек 44.0

65.1

Големина на Влада

Просек 65.0

33.0

 Слобода од корупција

Просек 40.3

85.4

Монетарна слобода

Просек 74.0

59.8

Работна слобода

Просек 61.3

 
Население:
  • 2.0 милиони

БДП:

  • $16.0 милијарди
  • 3.7% пораст во 2006
  • 3.1% 5- годишен  развој
  • $7,850 по лице
Невработеност:
  • 35.0%
Инфлација:
  • 2.2%
Прилив по основ на странски директни инвестиции:
  • $350.5 милиони

Во однос на економската состојба Македонија се наоѓа на 61,2%  што ја прави 78 слободна економија во индексот за 2009 година. Местото на табелата остана скоро непроменето  од минатата година, притоа резултирајќи со опаѓање на бизнис слободата со што компензира со подобрување на слободата од корупција. Македонија е рангирана на 33 тото место од 43 земји во Европа и регионот.

Трансформацијата на македонската економија во пазарна економија сеуште продолжува. И покрај прекинувањата во процесот на либерализација, Македонија сеуште има бенефиции од претходните реформи. Во последните години, земјата постигна стабилен годишен пораст од околу 3%. Македонија покажува висок степен на пазарна трговија, фискална слобода и монетарна слобода. Стапките на персоналниот и корпоративниот данок на доход се доста конкурентни, и монетарната стабилност е релативно добро задржана. Со својата просечна царинска такса и не царинска бариера, Македонија е генерално отворена за глобална трговија.

Како и да е, креирањето на средина која е вистински корисна за динамичен економски пораст останува предизвик. На Македонија и недостасува институтционален капацитет за заштита на правата на сопственост и за борбата против корупцијата. Правата на сопственост не се безбедни, посебно во однос на други земји во Европа, во најголем дел поради судскиот систем кој е подлежен на корупција, политичко вмешување и неефикасност.


Историјат:

Откако Македонија ја доби независноста од бивша Југославија во 1991 година, Македонија се соочи со непријатна политичка и економска транзиција. По конфликтот во 2001- ва година, каде Охридскиот договор спречи граѓанска војна со што албанското малцинство доби поголемо признание во унитарната земја. Македонија сеуште има високо ниво на невработеност, еден од најниските БДП во Европа и високо ниво на неформална економска активност. Никола Груевски стана премиер во август 2006 година и повторно дојде на власт во 2008 година на предвремени избори кои беа критикувани од меѓународните мониторинзи. Владата се обидува да добие членство во ЕУ и НАТО но Грција за време на НАТО самитот во 2008 година поради тековниот конфликт ја блокираше поканата.


Бизнис слобода –58,2 %

Вкупната слобода за започнување, водење и затварање на бизнис во Македонија е лимитирана од регулаторната средина. За започнување на бизнис во просек потребни се 9 дена, споредено со светскиот просек од 38 дена. Сепак, поседување на бизнис дозвола повеќе чини од светскиот просек од 18 процедури. Банкротнките процедури може да бидат долги и заморни.


Слободна трговија – 81,6%

Измерениот просек на тарифната стапка на Македонија изнесуваше 4,2 % во 2006 година. Увозните даноци, увозните и извозните квоти, некои увозни рестрикции, увозни дозволи, нетранспарентни регулативи и стандарди и корупцијата во царинските процеси, се тоа влијае на вредноста на трговијата. Според тоа, 10 поени се одбиени од износот на слободната трговија на Македонија поради овие нецарински бариери.


Фискална слобода – 89,4 %

Македонија употребува ниски стапки на данок. Во јануари 2008 година стапките на персоналниот и корпоративниот данок на доход беа намалени од 12% на рамни 10%. Другите даноци вклучуваат данок на додадена вредност (ДДВ) и данок за пренос на сопственост. Во последно време, вкупниот државен данок како процент од БДП, изнесуваше 29,3%. Реформите во даночната администрација се во тек.


Големина на Влада– 65,1 %

Вкупните трошоци на Владата во Македонија, вклучувајќи потрошувачка и трансфер на исплаќање се средни. Во последно време потрошувачката на Владата се изедначи со процентот на БДП 34,1%. Во јануари 2008 година Владата ја елиминираше финансиската поддршка и започна со промоција на приватниот сектор, вклучувајќи се во енергискиот сектор со приватизација на мали и средни хидроелектрични фабрики. Електро енергетскиот сектор останува значаен за понатамошни реформи.


Монетарна слобода – 85,4 %

Во Македонија инфлацијата е значително ниска, просечно 2,3% помеѓу 2005 година и 2007 година. Повеќето цени се утврдени на пазарот, но Владата продолжува финансиски да ги поддржува земјоделството и притоа да влијае на одредени цени низ претпријатија во државна сопственост и искористување, како што е електричната енергија. Според тоа, дополнителни 5 проценти се одземени од монетарната слобода на Македонија поради овие политики кои ги искривија домашните цени.

 


Инвестициска слобода– 50,0 %

Македонија им обезбедува на странските и домашните инвеститори еднаков третман и дозволува странци да инвестираат во сите домашни фирми, освен во делот на производството на оружје и наркотици. И покрај превземените чекори за гарантирањето на странските инвестиции, бирократијата може да биде бавна, неефикасна,  со недостаток на адекватни средства и предмет на политички притисоци и корупција. Странските инвеститори може да се здобијат и со фирми во државна сопственост кои се предвидени за приватизација, политичката нестабилност ја ослабнува бизнис средината. Граѓаните на Република Македонија како и странците може да имаат странски сметки за размена кои се предмет на согласност и некои рестрикции. Исплаќањата и трансферите се соочуваат со неколку контроли и рестрикции. Повеќето главнини и активности на пазарот бараат одобрение од Владата, или пак да бидат регистрирани. Валутата не е конвертабилна на меѓународните пазари. Странските инвеститори имаат права за употреба на земјиште но не и сопственост на истото.


Финансиска слобода – 60,0 %
Финансискиот сектор во Македонија не е целосно развиен, но сепак расте како и поттикот на државата за развој на приватниот сектор и странските инвестиции. Странското присуство во финансискиот сектор е значително, пресметано околу 60% од вкупниот банкарски посед. И покрај постепените напори за заврстување на финансискиот сектор сепак остана релативно слаба. Банкарскиот сектор е високо концентриран и трите најголеми банки сметаат околу 70% од сите депозити и заеми. Банкарското посредништво е релативно ниско, но кредитот е одреден на пазарни услови. Регионалното усвојување на еврото во 2002 година доведе до тоа  многу македонци да направат  промена на небанкарските заштеди во новата валута, притоа зголемувајќи ги стапките на вложување.  Капиталните пазари се недоволно развиени и не се во можност да овозможат целосен избор на кредитни алтернативи за бизнис. Активноста на македонската берза постепено расте, а бројот на наведените компании е зголемен.


Права на сопственост - 30,0 %

Заштитата на сопственост во Македонија е слаба. Извршната власт влијае врз судската. Недостатокот на ефикасно владеење и несигурност на правата на сопственост во регистрацијата на реалната сопственост како и поседување на земја, го попречува инвестирањето и развојот. Владата превзеде одредени мерки за борба против пиратеријата на предмети како ЦД-ња, ДВД-ња, софтвери, сепак доста од пиратеријата останува за продажба.


Слобода од корупција –33,0 %

Корупцијата е од големо значење за една држава. Македонија се наоѓа на 84тото место од 179 држави во Индексот на перцепции за корупцијата за 2007 година, Transparency International, што претставува значителен напредок од 2006 година. Корупцијата ја има во сите гранки на администарцијата, посебно во полицијата и судството. Стапување на сила на закони против криминалитетот како употреба на дрога, перење пари и коруптирани практики е недоволно.


Работна слобода – 59,8%

Правилата за работа на Македонија го отежнуваат развојот во вработувањето, придонесувајќи за една од највисоките стапки на невработеност во регионот. Трошоците за вработување на еден работник се многу големи, но од друга страна тешкотијата во отпуштање на вработениот создава дестимулација за ново вработување. Правилата во однос на работните часови се доста строги.

 

* На следниов линк можете да ја погледнете видео презентацијата од извештајот за економската слобода.

 

wsj heritage oi-mk

 

Глобал

shadow
На почетна