OHRID Institute
shadow
 

EICEE

NATO ARW

ipri

Република Македонија има  65,7 % економска слобода

Позиција во светот: 56-та од 183

Регионална позиција : 26-та од 43 земји

 

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД ја има честа да го објави Индексот на економска слобода за 2010 година. Индексот е подготвен од Фондацијата Херитиџ а Институтот ОХРИД како партнер на Херитиџ фондацијата ја преведе и објави анализата за Република Македонија. Веќе многу години Вол Стрит Журнал и Фондацијата Херитиџ ја оценуваат и мерат наклонетоста кон слободниот пазарен капитализам на земјите во светот и Европа во "Индексот за економска слобода". Фондацијата Херитиџ е конзервативен тинк-тенк со седиште во Вашингтон, САД. Фондацијата Херитиџ е основана во 1978 година и е доста влијателна во политичките кругови на САД. Мисијата на фондацијата е да се формулираат и промовираат конзервативните јавни политики базирани на принципите на слободни претпријатија, индивидуална слобода, традиционални вредности и силна национална одбрана. 

Индексот за 2010 година, овозможува силни докази за поврзаноста на слободата на економијата сo растот и просперитетот на државите во светот. Економската слобода воедно претставува предуслов за политичка слобода, имено колку поголема е економската слобода толку поголем ќе биде и економскиот раст и развој. Индексот за 2010 овозможува цврст доказ дека земјите кои одржуваат слободна економија имаат најголем просперитет во државата. Економската слобода на Македонија има 65,7 проценти, што ја сместува на 56-тото место во Индексот за 2010. Целокупното рангирање се зголеми за 4,5 поени од минатата година, притоа прикажувајќи големо подобрување во слободата на работниците, и помали подобрувања во уште шест други економски слободи. Македонија од земјите во Европа се наоѓа на 26-тото место од 43, и целокупниот процент е над просекот во светот. Индексот мери десет компоненти на економска слобода, оценувајќи ги посебно со оценка од 0-100, каде највисока е 100. Просекот од десетте компоненти ја дава целокупната економска слобода за секоја земја.  Индексот покрива 10 слободи – од права на сопственост до претприемништво – во 183 земји.

Од 1995 година наваму, Смит ги донесе повторно теориите за слободата, просперитетот и економската слобода со креирање на 10 компоненти кои ги водат до економски успех сите 183 земји во светот. Со овој пристап, читателите може да видат како теориите за просперитетот и економската слобода од 18 век се реалност во 21 век. Водечката позиција и оваа година ја задржа Хонг Конг, кој е оценет со (89,7) поени, следат Сингапур (86,1), Австралија (82,6), Нов Зеланд (82,1) и Ирска (81,3). Од земјите од регионот, најдобро е оценета Албанија, која е рангирана на 53 место. Следат Македонија (56), Словенија (61), Црна Гора (68), Грција (73), Бугарија (75), Хрватска (92) Србија (104), и Босна и Херцеговина, која се најде на 110место. 

Македонија покажува висок степен на пазарна трговија, фискална слобода и монетарна слобода. Стапките на персоналниот и корпоративниот данок на доход се доста конкурентни, и монетарната стабилност е релативно добро задржана. Со својата просечна царинска такса и нецаринска бариера, Македонија е генерално отворена за глобална трговија. Но на Македонија и недостасува институционален капацитет за заштита на правата на сопственост и за борбата против корупцијата.  Со тоа креирањето на средина која е вистински корисна за динамичен економски пораст останува предизвик.Во истражувањето Македонија доби многу високи оценки за фискалната (89,4) монетарната (85,4), и слободата на тргување (81,6). Ниски оценки, кои значат лоши сигнали за бизнис, Македонија доби во делот на заштита на сопственоста (30) и степенот на корупцијата (33). Средни оценки државата доби во категориите: слобода за инвестициите (50) во Индексот 2009, додека во Индексот 2010 во овој дел има (60), во Индексот 2009 во делот за водење на бизнис Македонија имаше (58,2) додека пак оваа година со мал пораст од (65,2), работничките права од (59,8) во 2009 рипнаа на (83,9) што и претставува најголем пораст во однос на минатата година, финансиска слобода (60) е иста како и лани и економската слобода на владата е (65,9) што е само малку пораснато од лани. На дното на листата се Бурма, Еритреја, Куба, Зимбабве, а Северна Кореја е државата каде економската слобода е најмала во светот.

Податоци  за економската слобода во Република Македонија во текот на 8 години:


Година

2010

2009

   2008                   

2007 

2006 

2005 

2004  

2003

2002

Македонија  

65,7

61.2 % 

61.1%    

60.6%    

59.2%    

56.1 %   

56.8 %

 60.1%    

58.0%

 

 

 

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД од своето оформување го следи овој Индекс и го прати местото на Република Македонија во светската, европската и регионалната калсификација. Македонија има направено значителен прогрес во однос на економската слобода и поединечно во сите области.

Подетална анализа за македонската позиција во индексот

mk-map

Десетте економски слободи во Република Македонија

65.2

Бизнис слобода

Просек 64.6

60.0

Инвестициска слобода

Просек 49.0

83.3

Слободна трговија

Просек 74.2

60.0

Финансиска слобода

Просек 48.5

89.3

Фискална слобода

Просек 75.4

35.0

Право на сопственост

Просек 43.8

65.9

Потрошувачка на Владата

Просек 65.0

36.0

 Слобода од корупција

Просек 40.5

79.0

Монетарна слобода

Просек 70.6

83.1

Слобода наработниците

Просек 62.1

Население:
  • 2.0 милиони

БДП:

  • $20.5 милијарди
  • 4.9% пораст
  • 4.7 % 5- годишен  развој
  • $ 10,041 по лице
Невработеност:
  • 33,5%
Инфлација:
  • 8,3%
Прилив:
  • $598.0 милиони

 

Македонија има 65,7 проценти, што ја сместува на 56-тото место во Индексот за 2010. Целокупното рангирање се зголеми за 4,5 поени од минатата година, притоа прикажувајќи големо подобрување во слободата на работниците, и помали подобрувања во уште шест други економски слободи. Македонија од земјите во Европа се наоѓа на 26-тото место од 43, и целокупниот процент е над просекот во светот.
Индексот мери десет компоненти на економска слобода, оценувајќи ги посебно со оценка од 0-100, каде највисока е 100. Просекот од десетте компоненти ја дава целокупната економска слобода за секоја земја.  Индексот покрива 10 слободи – од права на сопственост до претприемништво – во 183 земји.
Реформите во флексибилноста на инвестициите на пазарот за работа и овозможија на македонската економија да го достигне најголемото подобрување во Индексот во 2010 година. Македонија покажува висок степен на пазарна трговија, фискална слобода и монетарна слобода. Стапките на персоналниот и корпоративниот данок на доход се доста конкурентни, и монетарната стабилност е релативно добро задржана. Со својата просечна царинска такса и нецаринска бариера, Македонија е генерално отворена за глобална трговија.


Историјат:

Откако Македонија ја доби независноста од бивша Југославија во 1991 година, Македонија се соочи со непријатна политичка и економска транзиција. По конфликтот во 2001- ва година, каде Охридскиот договор спречи граѓанска војна со што албанското малцинство доби поголемо признание во унитарната земја. Македонија сеуште има високо ниво на невработеност, еден од најниските БДП во Европа и високо ниво на неформална економска активност.
Изборите што го ставија на позиција реформски настроениот Премиер Никола Груевски во јуни 2008 година беа критикувани од страна на меѓународните мониторинзи; меѓународните набљудувачи се согласија дека претседателските и локалните избори во 2009 беа значително подобри. За време на самитот во Букурешт во 2008, Грција ја блокираше поканата Македонија да се приклучи кон НАТО, со верување дека името на Македонија соодветно не го признава грчкиот регион. Конфликтот се очекува да го одложи влегувањето на Македонија во Европската Унија. 


Бизнис слобода –65,2 %
Вкупната слобода за започнување, водење и затварање на бизнис во Македонија се подобри со неодамнешните регулаторни реформи. За започнување на бизнис сега во просек потребни се 4 дена, споредено со светскиот просек од 35 дена. Сепак, поседување на бизнис дозвола чини повеќе од просечните 18 процедури во светот. 


Слободна трговија –83,3 %

Измерениот просек на царинската стапка во Македонија изнесуваше 3,3 % во 2008 година. Увозните даноци, увозните и извозните квоти, некои увозни рестрикции и стандарди и корупцијата во царинските процеси, се тоа влијае на вредноста на трговијата. Според тоа, 10 поени се одбиени од износот на слободната трговија на Македонија поради овие нецарински бариери.


Фискална слобода –89,3 %

Македонија употребува ниски стапки на данок. Индивидуалниот данок на доход и корпоративните даночни стапки се 10%. Другите даноци вклучуваат данок на додадена вредност (ДДВ) и данок на имот. Капиталните даночни добивки беа укинати на 1 јануари 2009 година. Од неодамна, целосниот данок од процентот на БДП беше 29,5%. 


Големина на Влада–65,9 %

Вкупните трошоци на Владата во Македонија, вклучувајќи потрошувачка и трансфер на исплаќање се средни. Во последно време потрошувачката на Владата се изедначи со процентот на БДП 33,7%. Неколку мали и средни хидроелектрани беа приватизирани, Електро енергетскиот сектор останува значаен за понатамошни реформи. Зголемувањето на фискалната стапка во Македонија во однос на глобалното опаѓање е единствена во регионот, а пензиското и зголемување и зголемувањето на платите се заканува на стабилноста на буџетот.


Монетарна слобода –79,0 %

Инфлацијата беше средно висока, просечно 6,4 проценти помеѓу 2006  и 2008 година, иако стапката значително се намали во 2009 година. Повеќето цени се утврдени на пазарот, но Владата продолжува финансиски да ги поддржува земјоделството и притоа да влијае на одредени цени низ претпријатија во државна сопственост и искористување, како што е електричната енергија. Според тоа, дополнителни 5 проценти се одземени од монетарната слобода на Македонија поради овие политики кои ги искривија домашните цени.


Инвестициска слобода– 60,0 %

Македонија на странските и на домашните инвеститори им обезбедува еднаков третман и дозволува граѓани кои не се жители на Република Македонија да инвестираат во сите домашни фирми, со неколку исклучоци. И покрај реформите  за гарантирањето на странските инвестиции, бирократијата може да биде бавна, неефикасна,  со недостаток на адекватни средства и предмет на политички притисоци и корупција. Граѓаните на Република Македонија како и странците може да имаат странски сметки за размена кои се предмет на согласност и одредени рестрикции. Исплаќањата и трансферите се соочуваат со неколку контроли и рестрикции.Странските инвеститори имаат права за употреба на земјиште но не и сопственост на истото.

 


Финансиска слобода – 60,0 %
Финансискиот сектор во Македонија не е целосно развиен, но сепак расте како и поттикот на државата за развој на приватниот сектор и странските инвестиции. Конкуренцијата во банкарскиот сектор е зголемена и странското присуство во финансискиот сектор е значително, пресметано околу 80% од вкупниот банкарски посед. Трите најголеми банки сметаат околу 70% од сите депозити и заеми. Банкарското посредништво е релативно ниско, но кредитот е одреден на пазарни услови.  Законот за банкарството во Македонија од 2007 значително ја зголеми легалната и регулаторната рамка. Неисполнетите заеми се намалија на половина, од повеќе од 16 проценти од вкупните заеми во 2004 на помалку од 8 проценти во последните неколку години. Капиталните пазари се недоволно развиени и не се во можност да овозможат целосен избор на кредитни алтернативи за бизнис. Активноста на македонската берза постепено расте, а бројот на наведените компании е зголемен.

 


Право на сопственост - 35,0 %

Заштитата на сопственост во Македонија е слаба. Извршната власт влијае врз судската. Недостатокот на ефикасно владеење и несигурност на правата на сопственост во регистрацијата на реалната сопственост како и поседување на земја, го попречува инвестирањето и развојот. Владата превзеде одредени мерки за борба против пиратеријата на ЦД-ња, ДВД-ња, софтвери итн., но сепак доста од пиратеријата останува и понатаму  за продажба.


Слобода од корупција –36,0 %

Корупцијата е од големо значење за една држава. Македонија се наоѓа на 72-то место од 179 држави во Индексот на перцепции за корупцијата за 2008 година, што претставува значително подобрување. Законот овозможува постоење на казни за корупција; но сепак Владата сеуште не го имплементирала целосно истиот, и корумпираните службеници поминуваат неказнето. Корупцијата ја има во сите гранки на администрацијата, посебно во полицијата и судството. Стапување на сила на закони против криминалитетот како употреба на дрога, перење пари и коруптирани практики е навистина неизбежно.

 


Работна слобода – 83,1 %

Регулативите за вработените станаа пофлексибилни. По неколку години на хронично висок процент на невработеност, Македонија прикажа значителни и голем број реформи за вработувањето меѓу кои и употребата на конкретни договори и намалување на рестрикциите на работното време.

 

                                                            * * *

Мисијата на Институтот ОХРИД е да им обезбеди на македонската јавност и на политичките институции алтернативни перспективи за прашањата од областа на економијата и надворешната политика, за постигнување на слободно, правично и просперитетно општество. Работата на Институтот ОХРИД се базира на универзалните идеали на демократија, индивидуална одговорност, слободна пазарна економија и претприемништво.

wsj heritage oi-mk

Глобал

shadow
На почетна