Новости

Работилница за „Медиумска писменост“

14.11.2019

По повод Деновите на Медиумската писменост, Институт Охрид, како член на Мрежата за медиумска писменост организираше Работилница за медиумска писменост со подмладоците на сите активни политички партии во државата. На оваа работилница учесниците имаа можност да се запознаат со начините на препознавање на лажните вести, како и критичко размислување при конзумирање на вестите од најразличен вид.