Лидерска академија 2016: Дискусија „Интегритет на изборите“
09.11.2016

Лидерска академија 2016: Дискусија „Интегритет на изборите“

На 08 ноември 2016 година се одржи завршната дискусија од Лидерската академија 2016 на која на втората генерација учесници им беа врачени сертификатите за успешно завршена Лидерска академија.

 

 

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 8 ноември 2016 година, во хотел „Порта“, организираше дискусија „Интегритет на избори“. Ова беше последната активност од Лидерската академија 2016 година која беше спроведена од страна на Институт Охрид и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

На дискусијата учествуваа и  учесниците од минатогодишната Лидерска академија и оваа дискусија беше одлично продолжување и надополнување на претходната  дискусија за принципи на демократско владеење.

Имајќи предвид дека Република Македонија ја очекуваат избори од кои многу се очекува, веруваме дека оваа дискусија донесе многу интересни заклучоци и поттикна размена на различни искуства, но и предлози за подобрување на изборниот процес во Република Македонија.

Првиот дел од дискусијата беше модериран од страна на г-ѓа Билјана Јанева, извршниот директор на Институт Охрид. Младите политичари зборуваа за нивните очекувања од изборите и како ќе ги употребат вештините кои ги стекнаа за време на Лидерската академија во изборната кампања. Учесниците зборуваа за говорот на омраза и за тоа колку често го сретнуваат и искусуваат, особено за време ни избори и воедно се согласија дека сите имаат одговорност да работат на спречување на говорот на омраза. 

Во вториот дел од дискусијата се придружи и Неговата екселенција Џеф Голдстајн, заменик-амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тој зборуваше за неговите погледи за важноста на интегритетот во изборите и воедно го сподели сопственото искуство и зборуваше за изборите и изборната кампања во САД.

Дискусијата беше завршена со официјална церемонија и Неговата екселенција Џеф Голдстајн и г-ѓата Билјана Јанева на втората генерација учесници на Лидерската академија им ги врачија сертификатите за успешно завршена Лидерска академија.