FIT TO LEAD: Движејќи се кон заедничка цел!
21.12.2017

FIT TO LEAD: Движејќи се кон заедничка цел!

На 20 декември се одржа завршната церемонија на доделување на сертификатите на третата генеранција на Лидерската академија

На 20 декември 2017, во хотел Порта се одржа завршната церемонија на Лидерската академија 2017. Во рамките на церемонијата на доделување на сертификатите за учесниците од третата генерација кои успешно ја завршија Лидерската академија, се одржа и дискусија со учесниците од сите три генерации на Лидерската академија. Дискусијата се движеше во насока на вредностите кои еден лидер треба да ги поседува и во каква насока треба да се движи лидерството во Република Македонија.

На дискусијата свое учество земаа и Н.Е Пол Едвардс од Британската амбасада, Н.Е Џефри Голдстејн од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-динот Дејвид Стивенсон од Амбасада на САД и г-динот Тибор Варади од Делегацијата на ЕУ. Младите политичари слушнаа повеќе за искуствата и размислувањето за лидерските вредности, но и за насоката по која треба да се движи Република Македонија.

Настанот беше организиран од Институт Охрид во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.