Институт Охрид објавува повик за дополнителен циклус на Школата за млади политичари!
Поради зголемениот континуиран интерес за Школата за млади политичари, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, од Скопје, реши да им излезе во пресрет на сите заинтересирани млади политичари кои се активни во своите политички подмладоци и ќе организира уште еден дополнителен циклус на Школата за млади политичари. Бројката на учесници е ограничена и нема можност за проширување на групите!
Школата за млади политичари е уникатен формат кој има за цел да ги зајакнува капацитети на младите политичари и да ги надоградува нивните вештини и знаења во насока на нивната политичка кариера.
Школата за младите политичари ќе биде во времетраење од 7 недели, а сите предавања ќе се одржуваат во Скопје. Предвидени се предавања кои ќе опфаќаат различни теми од областа на лидерството, ораторството, комуникација со медиуми и односи со јавност, политичка култура и дебата.
Школата за млади политичари ќе започне на почеток на март 2019 година, а учесниците кои успешно ќе ја завршат Школата за млади политичари ќе добијат и сертификат за учество.
Услови за учество:
- 18-29 години
- член на подмладок на политичка партија во Република Македонија
Рокот за аплицирање е до 28.02. 2019 година
Пријавувањето се врши преку пополнување на онлајн апликацијата која можете да ја најдете преку кликнување на овој линк.
За повеќе прашања можете да се обратите на [email protected] или на телефонскиот број: 070 840 559 (Марија).
Не ја испуштајте можноста да бидете дел од оваа уникатна Школа за млади политичари!
Школата за млади политичари е дел од програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“ која Институт Охрид ја спроведува од 2010 година.