Семинар „Градење на капацитетите на младите политичари“
03.04.2017

Семинар „Градење на капацитетите на младите политичари“

Младите политичари од 11 градови учествуваа во дводневен семинар „Градење на капацитетите на младите политичари“.

Младите политичари од 11 градови од Република Македнија викендов учествуваа во дводневен семинар „Градење на капацитетите на младите политичари“. Овој семинар е дел од активностите од програмата Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија. 

Семинарот беше поделен во два дела: Првиот дел беше посветен на борбата против говор на омраза и младите политичари беа обучени како да го препознаваат и спречуваат говорот на омраза, а во вториот дел од семинарот младите политичари поминаа низ обука за односи со јавност и комуникациски вештини.

Преку овој семинар продолжува градењето и зацврстувањето на капацитетите на младите политичари кои се активно вклучени во своите матични подмладоци и кои се идните лидери и носители на одлуки.

Институт Охрид продолжува да ги реализира активностите од програмата Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија.