No Hate: Тренинг за препознавање и спречување говор на омраза
04.10.2017

No Hate: Тренинг за препознавање и спречување говор на омраза

Пријавете се за еднодневен тренинг за препознавање и спречување на говор на омраза помеѓу политичките подмладоци!

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, од Скопје објавува повик за пријавување за еднодневен тренинг за препознавање и спречување говор на омраза. Тренингот е дел од предизборните активности од програмата Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија и има за цел да ја подигне свеста за препознавање и спречување на говорот на омраза на социјалните мрежи и надвор од нив.

Тренингот ќе се одржи на 12 октомври 2017 година, а избраните учесници дополнително ќе бидат известени за времето и локацијата на одржување на настанот.

Овој еднодневен тренинг има за цел да ги начне основните поими и дефиниции за говорот на омраза и воедно да се разгледаат различни начини за реагирање и пријавување на говор на омраза.

Со оглед на тоа дека Република Македонија се наоѓа во предизборен период, Институтот Охрид верува дека е од исклучително значење да се обработува говорот на омраза и да се продолжи со борбата против говорот на омраза и криминал од омраза особено помеѓу подмладоците на политичките партии кои имаат значајна улога во секоја предизборна кампања и кои имаат значително влијание врз младите луѓе во Република Македонија.

Доколку сте млади и активни членови на политички подмладок, пополнете го формуларот за учество - тука. Рокот на пријавување е до 9 октомври 2017 година. 

Доколку имате повеќе прашања или сакате да дознаете повеќе за тренингот, обратете се на [email protected] или на телефонскиот број: 070 840 559 (Марија). 

Ги очекуваме вашите пријави!