Тренинг за односи со јавност и комуникациски вештини
19.03.2017

Тренинг за односи со јавност и комуникациски вештини

На 18.03.2017 се одржа тренинг за односи со јавност и комуникациски вештини со младите политичари како дел од програмата Политички дијалог помеѓу младите политичари.

На 18.03.2017 година, во хотел „Порта“, се одржа тренинг за односи со јавност и комуникациски вештини на кој учествуваа претставници на политичките подмладоци во Република Македонија. Тренингот имаше за цел да ги зацврсти капацитети на младите политичари во однос на односите со јавност и воедно да стекнат или да ги зацврстат своите комуникациски вештини со јавност. 

Тренингот го водеше господинот Горан Величковски, кој своето искуство и знаење им го пренесе на најдобар начин. Младите политичари се обучија за најразличните аспекти и сегменти од односите со јавност и медиуми.

Овој тренинг е дел од активностите на програмата Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија, која Институтот Охрид ја спроведува од 2010 година. Институтот Охрид е единствена организација која работи со сите активни политички подмладоци и работи во насока на подобрување и зацврстување на политичкиот дијалог помеѓу идните лидер и носители на одлуки во Република Македонија.