Официјално започна програмата „Локално активно вклучување на младите во институциите“
16.03.2018

Официјално започна програмата „Локално активно вклучување на младите во институциите“

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, од Скопје со големо задоволство сака да ве извести дека во соработка со Агенција за млади и спорт од 15.03.2018 година започна со спроведување на програмата Локално Активно Вклучување на Младите во Институциите (ЛАВМИ).

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, од Скопје со големо задоволство сака да ве извести дека во соработка со Агенција за млади и спорт од 15.03.2018 година започна со спроведување на програмата Локално Активно Вклучување на Младите во Институциите (ЛАВМИ).

На првата работилница во Кисела Вода, свои обраќања имаа градоначалникот на Кисела Вода, господинот Филип Темелковски, младите советници во Советот на Кисела Вода, Бојана Ацева и Владимир Митев, Билјана Јанева, извршен директор на Кисела Вода и Александра Дичевска, претставничка на Агенцијата за млади и спорт.

Програмата е замислена како серија на работилници во шест скопски општини: Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Центар.

Секоја од работилниците е моделирана во насока да им даде на младите повеќе знаења и вештини во однос на процесите за донесување одлуки за млади во рамки на локалната самоуправа и воедно да ги поттикне младите поактивно да се вклучат во креирањето политики за млади на локално ниво преку создавање предлог-проекти со идеи за млади кои би можеле да бидат спроведени на локално ниво. Во таа насока, оваа програма има за цел да ги разграничи поимите: „партија“ и „политика“ и да направи јасно разграничување на овие два поими чии граници одамна се преклопуваат во очите на јавноста иако има огромна разлика меѓу нив.

Програмата ЛАВМИ е пилот-проект кој е производ на Алумните на програмата Политички дијалог помеѓу младите политичари која Институтот Охрид ја спроведува од 2010 година.

Институтот Охрид веќе 8 години интензивно работи на градење на капацитетите и надградување и негување на политичкиот дијалог помеѓу младите политичари до сите активни подмладоци во Република Македонија.

Активностите на програма се исклучително разновидни и вклучуваат: работилници, семинари, изборни симулации, дебати, јавни форуми, тренизни против говор на омраза. Во насока на подигнување на свеста и политичкиот дијалог, Институтот Охрид организираше и два мултипартиски фудбалски турнири „Фер плеј: Заедно за заеднички успех“, а и традиционално го организира потпишувањето на Декларацијата за фер, слободни и демократски избори, на која претседателите на сите политички подмладоци ја покажуваат својата заложба за спроведување слободни и демократски избори и нивната борба за намалување на говорот на омраза.

Институтот Охрид силно верува и вложува во градењето на капацитетите на младите лидери и идните носители на одлуки и само преку постојан дијалог и градење на капацитетите ќе создадеме лидери кои ќе се однесуваат одговорно, принципиелно и мудро.