Платформата на граѓански организации за борба против корупција го одбележа Меѓународниот ден за борба против корупција
07.12.2017

Платформата на граѓански организации за борба против корупција го одбележа Меѓународниот ден за борба против корупција

Платформата на граѓански организации за борба против корупција преку конференцијата „Заробена држава: Политички, социјални и економски интереси“ го одбележа Меѓународниот ден за броба против корупција.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, во која членуваат 15 граѓански организации, меѓу кои и Институт Охрид, со организација на конференцијата „Заробена држава: Политички, социјални и економски интереси“ денес го одбележа Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Конференцијата опфати најразлични теми кои се многу важни во процесот на борба против корупција, а на конференцијата учество земаа претставници од извршната, законодавната и судската власт, невладиниот и приватниот сектор, медиумите и меѓународните организации. На конференцијата се изнесоа многу интересни погледи и се дадоа значајни предлози кои би ја поттикнале и зајакнале борбата против корупција. 

Билјана Јанева, извршната директорка на Институтот Охрид беше модераторка на третиот панел во рамките на конференцијата.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на Платформата на граѓански организации за борба против корупција“, поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.