Повик за набљудувачи на локалните избори 2017
22.09.2017

Повик за набљудувачи на локалните избори 2017

Инстиут Охрид објавува повик за набљудувачи на локалните избори 2017

ПОВИК ЗА НАБЉУДУВАЧИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, од Скопје, објавува повик за набљудувачи на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои имаат наполнето 18 години и имаат право на глас, најдоцна до 29 септември да се пријават на: [email protected].

За пријавените граѓани кои ќе бидат распоредени на гласачките места во својство на домашни набљудувачи, ќе се организира обука од страна на Институт Охрид. По завршување на задачата која претставува непартиско, непристрасно и објективно набљудување на избирачкиот процес, ќе треба да се поднесе извештај за изборното место на кое присуствувал избраниот набљудувач.

Предност ќе имаат оние граѓани кои веќе учествувале во набљудување на изборниот процес.

За дополнителни информации контактирајте нѐ на [email protected] или на телефонските броеви: 02 3 224 457 и 070 840 559 (контакт лице: Марија Андреева).

Ги очекуваме вашите пријави!