Повик за пријавување на првата Школа за економска слобода и човекови права!
01.04.2019

Повик за пријавување на првата Школа за економска слобода и човекови права!

Институтот Охрид со големо задоволство го објавува повикот за првата Школа за економска слобода и човекови права!
Рок за пријавување: 26.04.2019 година.

Институтот Охрид со големо задоволство го објавува повикот за првата Школа за економска слобода и човекови права. Учесниците на оваа Школа во текот на шест недели ќе стекнат знаења во областа на слободниот пазар, капитализмот, претприемништвото, човековите права и слободи. Во текот на шест недели, учесниците ќе имаат задача да изработат и есеј поврзан со темите на Школата, кој потоа ќе биде објавен на страната на Институт Охрид. Оваа Школа има за цел да поттикне и различни дискусии и критичко размислување за различните економски и политички системи и да ги поттикне младите луѓе да размислуваат на теми кои не биле многу застапени во текот на нивното формално образование.

Право на учество на Школата за економија и граѓански слободи имаат сите млади луѓе кои се заинтересирани за овие теми, кои се мотивирани за лична надоградба, на возраст од 18 до 29 години. За да се пријавите на Школата, потребно е да го пополните онлајн формуларот. Учесниците ќе се изберат на основа на квалитетот и содржината на пополнетата пријава. 

Школата ќе биде во времетраење од шест недели, по едно предавање седмично и сите предавања ќе се одржат во просториите на Институт Охрид. На крајот од Школата, сите учесници кои успешно ќе го комплетираат циклусот ќе добијат сертификат за успешно завршена Школа. На крајот на Школата учесниците ќе ги презентираат и есеите. 

Школата ќе започне на почетокот на мај, а рокот за пријавување трае до 26.04.2019 година.

За повеќе информации, контактирајте нѐ на: [email protected] или на телефонскиот број: 070 840 559 (Марија)