Повик за пријавување на третиот циклус на Школата за млади политичари!
17.12.2018

Повик за пријавување на третиот циклус на Школата за млади политичари!

По исклучително успешните два циклуси на првата Школа за млади политичари, Институтот Охрид, со големо задоволство го објавува повикот за учесници на третиот циклус на Школата за млади политичари организирана од Институт Охрид.

Рокот за аплицирање е до 15.01.2019.

По исклучително успешните два циклуси на првата Школа за млади политичари, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, од Скопје, со големо задоволство го објавува повикот за учесници на третиот циклус на Школата за млади политичари.

Школата за млади политичари е уникатен формат кој има за цел да ги зајакнува капацитети на младите политичари и да ги надоградува нивните вештини и знаења во насока на нивната политичка кариера. 

Школата за младите политичари ќе биде во времетраење од 8 недели, а сите предавања ќе се одржуваат во Скопје. Предвидени се предавања кои ќе опфаќаат различни теми од областа на лидерството, ораторството, комуникација со медиуми и односи со јавност, политичка култура и дебата. 

Школата за млади политичари ќе започне при крајот на јануари, а учесниците кои успешно ќе ја завршат Школата за млади политичари ќе добијат и сертификат за учество.

Услови за учество:
- 18-29 години
- член на подмладок на политичка партија во Република Македонија

Рокот за аплицирање е до 15.01.2019 година.


За да аплицирате на Школата за млади политичари треба да го попополните формуларот (линк до формуларот)

Доколку имате прашања околу Школата, можете да се обратите на [email protected] или на телефонскиот број 070 840 559 (Марија).