Повик за учесници на вториот циклус на Школата за економска слобода и човекови права!
05.08.2019

Повик за учесници на вториот циклус на Школата за економска слобода и човекови права!

Пријавете се на вториот циклус на Школата за економската слобода и човекови права!

По исклучителниот успех на првиот циклус, Институтот Охрид со големо задоволство го објавува повикот за втората Школа за економска слобода и човекови права. Учесниците на оваа Школа во текот на шест недели ќе стекнат знаења во областа на слободниот пазар, капитализмот, претприемништвото, човековите права и слободи. 

Во текот на шест недели, учесниците ќе имаат задача да изработат и есеј поврзан со темите на Школата, кој потоа ќе биде објавен на страната на Институт Охрид. Оваа Школа има за цел да поттикне и различни дискусии и критичко размислување за различните економски и политички системи и да ги поттикне младите луѓе да размислуваат на теми кои не биле многу застапени во текот на нивното формално образование.
Право на учество имаат сите млади луѓе кои се заинтересирани за овие теми, кои се мотивирани за лична надоградба, на возраст од 18 до 29 години.  

Школата ќе биде во времетраење од шест недели, по едно предавање седмично и сите предавања ќе се одржат во просториите на Институт Охрид. На крајот од Школата, сите учесници кои успешно ќе го комплетираат циклусот ќе добијат сертификат за успешно завршена Школа. На крајот на Школата учесниците ќе ги презентираат и есеите. 

Школата ќе започне на почетокот на септември, а рокот за пријавување трае до 25.08.2019 година.

Пријавувањето се врши со пополнување на ФОРМУЛАРОТ ЗА УЧЕСТВО.

За повеќе информации, контактирајте нѐ на: [email protected] или на телефонскиот број: 070 840 559 (Марија)