Парламентарна изборна симулација 2016
21.11.2016

Парламентарна изборна симулација 2016

Младите политичари учестуваа во Парламентарна изборна симулација како дел од предизборниот циклус активности од програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“.

Токму пред почетокот на изборната кампања, младите политичари учествуваа во Парламентарна изборна симулација како дел од активностите од предизборниот циклус активности од програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“. Младите политичари преку дводневна интензивна програма се здобија со вештини кои им се потребни за изборната кампања која следува.

Во измешан состав, тие имаа задача да креаираат свои изборни кампањи и да ги користат расположливите алатки за да ја направат својата изборна кампања поуспешна од останатите групи. 

Овие два дена донесоа многу возбудливи активности, забава и знаење кои ќе им бидат од голема корист на младите политичари, особено оние кои се активно вклучени во изборните кампањи на своите матични политички партии.

Парламентарната изборна симулација се одржа во Маврово, од 18-20 ноември 2016 година.