Успешно заокружена првата Школа за објективизам: Кој е Џон Галт?
25.12.2017

Успешно заокружена првата Школа за објективизам: Кој е Џон Галт?

На учесниците на првата Школа за објективизам им беа врачени сертификатите за успешно завршување на Школата за објективизам: Кој е Џон Галт?

Институтот Охрид, во соработка со Балкански објективистички центар од Република Србија и Институтот Ејн Ренд од САД, годинава првпат организираа Школа за објективизам во Република Македонија. Во текот на осум недели, учесниците се запознаа со главните постулати на филозофијата на Ејн Ренд.

Оваа школа е уникатна затоа што поттикнува критичко размислување и нуди филозофија која не е многу распространета во Македонија.

Честитки до сите учесници кои успешно ја завршија школата!