Успешно заврши петтиот циклус на Школата за млади политичари!
24.04.2019

Успешно заврши петтиот циклус на Школата за млади политичари!

Со гордост би сакале да објавиме дека учесниците во петтиот циклус на Школата за млади политичари со завршната дебата успешно ја завршија Школата!

Школата за млади политичари прерасна во прекрасна традиција која се надеваме дека ќе ја негуваме и надополнуваме во иднина. Учесниците на петтиот циклус на Школата за млади политичари во изминатите 8 недели го надоградуваа своето знаење во областа на политичката идеологија, комуникација со медиуми, лидерство, политичка култура и уште многу други концепти кои ќе им помогнат да се надоградуваат и да се развиваат во зрели и одговорни лидери. Во текот на Школата, учесниците разменуваа искуства, знаење и постојано дискутираа и дебатираа на различни теми, имаа можност да поставуваат прашања и да добијат различни одговори од искусни предавачи, а истовремено ја искористија Школата за создавање контакти, пријателства и развивање и негување на политички дијалог.