Започна програмата „Млади балкански лидери“!
26.11.2018

Започна програмата „Млади балкански лидери“!

Со еднонеделниот тренинг кој оваа недела се оддржува во Пловдив, Република Бугарија, официјално започна програмата „Млади балкански лидери“.

Оваа седмица, во Пловдив, Република Бугарија, се оддржува првиот тренинг семинар од програмата „Млади балкански лидери“.

Овој уникатен проект има за цел да ги вмрежи младите лидери од Република Македонија, Република Србија и Република Бугарија и да работи на градење на нивните капацитети како идни лидери. Институт Охрид е партнер во овој проект заедно со Институтот за политика (Република Бугарија), Општина Струмица (Република Македонија), Асоцијација Бестселер и Општина Стари Град (Република Србија). Програмата ќе трае до 2020 година.

Предноста на оваа програма е тоа што комбинира важни теми и искусни предавачи, а истовремено ангажира и поттикнува активни млади луѓе од Бугарија, Србија и Македонија.

Целта на оваа програма е на младите лидери да им ги пренесе потребните знаења и вештини за секој лидер и иден државник. Вештините и техниките стекнати во оваа програма ќе ја зголемуват способноста на младите да донесуваат одлуки и да дејствуваат во различни одговорни ситуации. Преку оваа програма нудиме различни области на компетентност: лидерство, корпоративно управување, човечки ресурси, финансии, приватно право, социологија, социјален дијалог, управување со промените, политичко лидерство и неговите различни форми во различни демократски системи, форми на управување и политички системи, како и последните случувања во секторските политики.