Започна серијата обуки за општествена одговорност и социјално претприемништво
12.09.2018

Започна серијата обуки за општествена одговорност и социјално претприемништво

Институтот Охрид, со поддршка на Агенција за поддршка на претприемништво на Република Македонија, организира серија на обуки за општествена одговорност и промоција на социјалното претприемништво и тоа во три општини: Тетово, Струмица и град Скопје. 

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, со поддршка на Агенција за поддршка на претприемништво на Република Македонија, вчера ја започна серијата обуки за општествена одговорност и промоција на социјалното претприемништво.

Целта на овие обуки е да се соберaт успешни локални претприемачи и нивните тимови кои ќе придонесат за подигнување на свеста за спроведување на општествено одговорни практики и покажување интерес за подобро функционирање во насока на општествената одговорност, како и промоција на концептот за социјално претприемништво во претпријатијата.

Обуките се во насока на зајакнување на релевантните чинители (претприемачи) во создавањето, спроведувањето и следење на програмите за подигање на свеста за спроведување на општествено одговорни практики и покажување на интерес за подобро функционирање во насока на општествената одговорност, како и промоција на концептот за социјално претприемништво со посебен фокус на градење на партнерства, вмрежување и соработка.

Серијата на обуки ги опфаќа општините Тетово, Струмица и градот Скопје.