Потпишување на Декларација за фер, слободни и демократски избори

Институот Охрид со голема чест и задоволство Ве поканува на потпишувањето на Декларацијата за фер, слободни и демократски избори по повод претстојните предвремени парламентарни избори. 
Охрабрени од успешноста на потпишувањето на Декларацијата за фер, слободни и демократски избори кое Институтот Охрид го организираше во 2014 година, ние веруваме дека потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека политичките подмладоци и младите политичари се искрено посветени на спроведувањето на слободни и демократски избори и дека во периодот кој следува напорно ќе работат на терен и директно ќе влијаат врз создавање на позитивна атмосфера со цел изборите да поминат во најдобар ред.