ЗА ИНСТИТУТОТ

 

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД е независен непрофитен тинк тенк, дизајниран да обезбеди истражувања за прашања од економијата и политиката значајни за македонското општество, да го зголеми учеството на граѓаните во развојот на јавниот дијалог и креирањето на политики. Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД како организација независна од секакви верски, деловни или владини групи, се стреми да одржува добри односи со креаторите на политики со различен идеолошки предзнак и да обезбедиме баланс на политичката сцена во Македонија. Ние сме центар за студии, истражување, воспоставување и подигање на јавната свест за прашања кои се однесуваат на владеењето, политиката, економијата, општеството и културата, со визија – подобра иднина за граѓаните на Република Македонија и интегрирањето во ЕУ и НАТО. Одборот на директори на Институтот ОХРИД се состои од еминентни лидери во бизнис сферата на Македонија, академци, преставници на политички и невладини заедници. Именуван по античкиот град Охрид, ние се стремиме кон одржување на неговото наследство на заедничко разбирање, дијалог и доверба.

Мисија

Овој пристап до јавноста не прави ефективна и моќна сила за економската и политичката слобода. Нашата мисија е да им обезбедиме на македонската јавност и на политичките институции алтернативни перспективи за прашањата од областа на економијата и надворешната политика, за постигнување на демократско и просперитетно општество. Нашата работа се базира на универзалните идеали на демократија, индивидуална одговорност, слободен пазар и претприемништво. Институт ОХРИД има значајна улога во зајакнување на улогата на цивилниот сектор и зголемување на неговото влијание во формирањето на националните политики и креирањето на политики насочени кон постигнување на неопходните стандарди за Евро-атланската интеграција на земјаваИнститутот ОХРИД верува дека постои силна потреба од ефективни локални институции кои се посветени на истражување, образование и застапување што ќе ја подобри климата со текот на времето и ќе го зајакне демократското општество.

Цели на институтот

  • Да спроведува и објавува истражувачки материјали
  • Да организира тркалезни маси и предавања
  • Да објавува и промовира книги од еминентни автори
  • Да лобира за политика на слободен пазар, ниски даноци и повеќе ефективна и ефикасна влада
  • Да го охрабрува вмрежувањето и кооперативноста помеѓу други, слично орентирани институти во регионот и низ целиот свет.

Публикации и настани

Институтот ОХРИД врши голема објавувачка дејност која се справува со целосен спектар од меѓународен и економски карактер, книги, монографии, научни текстови и сл. Во поглед на поврзувањето и создавањето контакти и мрежа соработници како од Македонија така и од странство, институтот ОХРИД оддржува и организира предавања на кои учество заземаат врвни и докажани личности од различни полиња. Сите досегашни настани се снимени и архивирани на веб страната на институтот. Во моментов во тек се следниве проекти и активности:

  • Мониторинг на Лидерство
  • Годишен Извештај на Македонската надворешна трговија
  • Национални Предавања со еминентни меѓународни предавачи
  • Превод и објавување на книги и статии
  • Политички дијалог 2007
  • Двомесечно списание „ГЛОБАЛ“
  • Билтен