Новости

Почна третиот модул од програмата „Young Balkan Leaders“, во склоп на Erasmus+

15.11.2019

Институт Охрид со голема чест го објавува почетокот на третиот модул од програмата „Young Balkan Leaders“. На овој модул младите лидери од 3 држави ќе имаат можност да ги надоградат своите знаења, да ги разменат своите размислувања, како и да научат многу нови работи во разновидни области

Институт Охрид во посета на Европскиот Парламент во Брисел

14.11.2019

Во рамки на програмата „Young Balkan Leaders“, младите лидери од Македонија, Србија и Бугарија имаа чест да присуствуваат на сесија на Европскиот Парламент во Брисел. Оваа посета беше можност за младите лидери да се запознаат подобро со работата на Европскиот парламент, како и да поразговараат со европратеници и амбасадори околу темата за евроинтеграција на Балканот. Мошне сме благодарни и почестени од срдечниот пречек од господинот Андреј Ковачев и госпоѓата Жељана Зовко, европратеници во Парламентот, како и амбасадорките на Република Северна Македонија и Република Србија, госпоѓата Агнеза Руси и госпоѓата Ана Хрустановиќ.

Заврши уште еден циклус на „Школата за економска слобода и човекови права„

11.11.2019

Заврши уште еден циклус на „Школата за економска слобода и човекови права„ Остануваат импресиите, добрите секавања како и пријателствата создадени на оваа школа.#SELF

Денови на Медиумска писменост

24.10.2019

Институт Охрид со голема чест и задоволство објавува дека се приклучува на деновите на медиумска писменост, како член на Мрежата за медиумска писменост.  

Четврто предавање на „Школата за економска слобода и човекови права“

24.10.2019

На денешното предавање учесниците на “Школата за економска слобода и човекови права“ имаа можност да се запознаат со темите поврзани со„Европските вредности и Копенхашките критериуми за влез во ЕУ“ со проф д-р Иван Дамјановски.

Трето предавање од “Школта за економска слобода и човекови права“

17.10.2019

Третото предавање од “Школата за економска слобода и човекови права“ заедно со проф. д-р Ненад Марковиќ кој говореше на темата„Политичките теории околу слободата и слободни општества“

Второ предавање од „Школата за економска слобода и човекови права“

26.09.2019

Тема на денешното второ предавање на „Школата за економска слобода и човекови права“ беше „Основни концепти и принципи на слободната пазарна економија“. Партиципантите имаа можност да го слушнат предавањето на проф. д-р Катерина Шапкова

Започна новиот циклус на „Школата за економска слобода и човекови права“

19.09.2019

Институт Охрид со голема чест и задоволство објавува дека започна новиот циклус на „Школата за економска слобода и човекови права“ Првото предавање помина во одлична атмосфера заедно со Јанаки Митровски, адвокат кој говореше на темата „Зошто слобода и човекови права“

Институт Охрид вработува: Конкурс за проектен координатор!

12.09.2019

Институт Охрид распишува конкурс за проектен координатор. Рок на аплицирање: 20.09.2019