FIT TO LEAD: Движејќи се кон ЕУ
31.05.2018

FIT TO LEAD: Движејќи се кон ЕУ

Алумните на Лидерската академија дискутираа за предизвиците на новото лидерство на патот на Македонија кон ЕУ

Алумните на Лидерската академија, организирана од Институт Охрид во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 30 мај одржаа средба на којашто дискутираа за новите предизвици во однос на лидерството и Македонија во насока на ЕУ интеграциите. На средбата присуствуваше и г-ѓа Дива Хакинс од Амбасадата на САД, која ги поздрави и охрабри младите лидери и ги поттикна да продолжат со заложбите за развојот на Република Македонија и нејзините евро-атлански инспирации.