Професорот Грегори Салмиери како предавач на отворениот час на Школата за објективизам во Скопје
22.11.2017

Професорот Грегори Салмиери како предавач на отворениот час на Школата за објективизам во Скопје

Професорот Грегори Салмиери беше гостин-предавач во рамките на Школата за објективизам: Кој е Џон Галт?

Институтот Охрид имаше чест и задоволство да биде домаќин на предавањето на професорот Грегори Салмиери од САД. Предавањето беше организирано во рамките на Школата за објективизам: Кој е Џон Галт?, која во соработка со Балканскиот објективистички центар од Србија и Институтот Ејн Ренд од САД, е првата школа од ваков тип во Република Македонија. 

Професорот Грегори Салмиери, од Универзитетот Рутгер во САД, отвори неколку скокотливи прашања поврзани со учењето и објективистичката филозофија на Ејн Ренд, како прашањето за тоа дали себичноста е доблест, но се дискутираа други етички прашања за алтруизмот, парите и капитализмот.

Професорот Салмиери речиси два часа дискутираше со учесниците и одговараше на многу различни прашања. Ова предавање започна интересна дебата и пред се поттикна различни размислувања за тема која не е многу позната во Република Македонија.