Го заокруживме првиот циклус работилници од програмата „Локално активно вклучување на младите во институциите“
26.03.2018

Го заокруживме првиот циклус работилници од програмата „Локално активно вклучување на младите во институциите“

Во периодот од 15 до 23 март 2018 година, се одржа првиот циклус работилници од програмата „Локално активно вклучување на младите во институциите“

Во периодот од 15 до 23 март 2018 година, се одржа првиот циклус работилници од програмата „Локално активно вклучување на младите во институциите“. 

Во овој период, Институтот Охрид одржа шест работилници во општините: Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Гази Баба.

Младите луѓе дискутираа и разговараа за вклученоста на младите во процесот на носење одлуки, за разликата помеѓу партија и политики и која е разликата меѓу млади во политика и политика за млади. 

Младите учесници имаа можност и да поразговараат и со младите советници од Советите на Општините, а младите советници и објаснија за начинот на функционирање на Советот, како и за сите мерки и активности поврзани со младите во нивната локална самоуправа.

Освен тоа, младите ги идентификуваа главните проблеми и потреби на младите и истите беа поделени врз основа на тематиката. 



Во следниот циклус работилници кој ќе започне на 26 март, младите ќе работат на создавање и пишување предлог-проекти кои ќе имаат за цел да ги адресираат нивните потреби. 

На наше големо задоволство, во опшините Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров, свое поздравно обраќање имаа и градоначалниците: Филип Темелковски, Стефан Богоев, Борис Георгиевски и Александар Наумоски кои им дадоа поттик и мотивација на младите поактивнивно да се вклучат во својата локална самоуправа и покажаа отвореност да ги слушнат нивните потреби и предлози.

На работилниците свое обраќање имаше и Александра Дичевска, претставник од Агенцијата за млади и спорт, која зборуваше за различните мерки на Агенција за млади и спорт поврзани со младите.

Институт Охрид ја спроведува програмата ЛАВМИ во соработка со Агенција за млади и спорт.