Индекс на човекова слобода: Човековата слобода ширум светот доживува благ пад
27.01.2018

Индекс на човекова слобода: Човековата слобода ширум светот доживува благ пад

Според Индексот на човекови слободи, човековата слобода ширум светот е умерено во пад, од 7.05 на 6.93, на скала од 1 до 10.

Според Индексот за човекова слобода, човековата слобода ширум светот е умерено во пад, од 7.05 на 6.93, на скала од 1 до 10. Индексот за човекова слобода е најразработената алатка која ја мери слободата во голем број држави.

Швајцарија е државата која го презеде врвот над табелата пред Хонг Конг и ова е првпат Хонг Конг да биде второ место на листата.

Индексот е издаден од страна на Институтот Като, Институтот Фрејзер и Институтот Либералес. Индексот рангира 159 држави врз основа на 79 посебни индикатори за личната, општествената и економската слобода, користејќи информации од 2008 до 2015 година.

Индексот за човекова слобода го опфаќа степенот до кој луѓето се слободни за да уживаат во важни човекови права како слобода на говор, религија, слобода на здружување, но исто така ја мери слободата на движење, слободата на жената, криминалот и насилството, како и правна дискриминација на истополови врски.

Авторите на Индексот, Ијан Васкез, директорот на Центарот на Глобалната слобода и просперитет во рамките на Институтот Като и Тања Порчник, истражувач на Институтот Като и претседателка на Институтот Висио од Словенија, исто така го мерат и владеењето на правото што тие го сметаат за „неопходна состојба на слобода која го штити поединецот од принуда“.

Врвот на табелата изгледа вака:

  1. Швајцарија
  2. Хонг Конг
  3. Нов Зеланд
  4. Ирска
  5. Австралија
  6. Финска
  7. Норвешка
  8. Данска
  9. Холандија
  10. Велика Британија (која всушност го дели 9тото место со Холандија)

На дното на табелата се наоѓаат:

150. Бургунди
151. Централна Африканска Република
152. Конго
153. Алжир
154. Ирак
155. Египет
156. Јемен
157. Либија
158. Венецуела
159. Сирија

На светско ниво, од 12-те категории кои го сочинуваат индексот, сите категории (освен три) се во опаѓање. Најголем пад е забележан кај правото на движење, изразување и владеење на правото. Индексот открива и дека слободата на жените продолжува да опаѓа во делови на Африка и Азија.

Тања Порчник, една од авторките на публикацијата, вели: „Во многу делови од светот, слободата е нападната, особено поради фактот што национализмот, популизмот и хибридните форми на авторитаризам се продаваат како добри алтернативи. Како резултат на тоа, најголемите падови во слободата се случиле во Сирија, Египет, Венецуела, Белизе и Грција. Добра вест е тоа што слободата пуштила корени во многу различни општества и се шири во многу држави ширум светот.“

Државите кои имаат висока лична слобода се наклонети и кон повисока економска слобода. Најслободните држави се оние кои уживаат најголем приход на глава на жител (38.871 долари) во споредба со државите кои се на дното на табелата (10.346 долари).

Васкез заклучува велејќи дека „доказите си покажуваат сѐ – слободата во секоја форма игра огромна улога во напредокот на човештвото.“

Република Македонија се наоѓа на 60 место, со пад од три места во споредба со претходниот Индекс на човекова слобода и всушност го делиме 60-тото место со Грција која пак, има пад за 9 места во споредба со претходното мерење на слободата. Од останатите држави во регионот, Бугарија се наоѓа на 41 место, Хрватска е 43-та, Албанија е 47-ма, Црна Гора е 51 место, Србија е 55 место, Босна и Херцеговина е на 57-то место. Од регионот, најдобро рангирана е Словенија – се наоѓа на 36 место.

Целосното истражување, методологијата и табелата на држави можете да ги најдете тука.