Институт Охрид објавува повик за дополнителен циклус на Школата за млади политичари!
22.02.2019

Институт Охрид објавува повик за дополнителен циклус на Школата за млади политичари!

Поради зголемениот континуиран интерес за Школата за млади политичари, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, од Скопје, реши да им излезе во пресрет на сите заинтересирани млади политичари  кои се активни во своите политички подмладоци и ќе организира уште еден дополнителен циклус на Школата за млади политичари. Бројката на учесници е ограничена и нема можност за проширување на групите!

Школата за млади политичари е уникатен формат кој има за цел да ги зајакнува капацитети на младите политичари и да ги надоградува нивните вештини и знаења во насока на нивната политичка кариера. 

Школата за младите политичари ќе биде во времетраење од 7 недели, а сите предавања ќе се одржуваат во Скопје. Предвидени се предавања кои ќе опфаќаат различни теми од областа на лидерството, ораторството, комуникација со медиуми и односи со јавност, политичка култура и дебата. 

Школата за млади политичари ќе започне на почеток на март 2019 година, а учесниците кои успешно ќе ја завршат Школата за млади политичари ќе добијат и сертификат за учество.

Услови за учество:
- 18-29 години
- член на подмладок на политичка партија во Република Македонија

Рокот за аплицирање е до 28.02. 2019 година

Пријавувањето се врши преку пополнување на онлајн апликацијата која можете да ја најдете преку кликнување на овој линк.

За повеќе прашања можете да се обратите на [email protected] или на телефонскиот број: 070 840 559 (Марија).

Не ја испуштајте можноста да бидете дел од оваа уникатна Школа за млади политичари!

Школата за млади политичари е дел од програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“ која Институт Охрид ја спроведува од 2010 година.