Институт Охрид им посака добредојде на две нови генерации на Школата за млади политичари!
11.02.2019

Институт Охрид им посака добредојде на две нови генерации на Школата за млади политичари!

По одличниот прием и одѕив на Школата за млади политичари, Институтот Охрид им посака добредојде на две нови генерации на Школата за млади политичари!

По успешните два циклуси на Школата за млади политичари, Институтот Охрид им посака добредојде на две нови генерации млади политичари кои во текот на следните осум недели посветено ќе ги надоградуваат своите знаења и вештини во различни области како: лидерство, односи со јавност, политичка култура, политички идеологии, итн. 

Се работи за детално изградена програма наменета за млади и активни политичари кои активно делуваат во политичките подмладоци, а Институтот Охрид преку оваа Школа за млади политичари го зацврстува и гради капацитетот на идните носители на одлуки во Република Македонија и ги подготвува за нивното активно делување во политичката сфера во Република Македонија. 

Школата за млади политичари е дел од програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“ (Youth Political Dialogue), која Институт Охрид ја спроведува од 2010 година.