И официјално започна Лидерската академија 2017!
19.09.2017

И официјално започна Лидерската академија 2017!

Со првиот модул во Струмица, кој се одржа од 15-17.09.2017, официјално започна Лидерската академија 2017.

По две исклучително успешни Лидерски академии, Институтот Охрид во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја продолжи исклучително успешната соработка во организирањето на третата Лидерска академија. Третата генерација млади лидери и млади политичари од политичките подмладоци преку серија модули и работилници ќе добијат нови знаења и вештини, но и ќе ги надоградат веќе постоечките. 

Лидерската академија 2017 официјално започна изминатиот викенд (15-17.09.2017) во Струмица со првиот организиран модул кој беше посветен на градење на лидерските капацитети на младите политичари преку серија на сесии, вмрежување и заедничка соработка.

Лидерската академија е многу значајна од повеќе аспекти, почнувајќи од образовниот аспект кој овозможува младите лидери да го пронајдат својот лидерски стил и да се стекнат со знаења кои ќе им бидат од исклучителна важност во натамошната политичка кариера. Понатаму, Лидерската академија е многу важна затоа што преку неа се развива и негува политичкиот дијалог помеѓу политичките подмладоци. Овој процес е многу важен за иднината на Република Македонија и веруваме дека преку Лидерската академија, младите политичари ќе се стекнат со потребните вештини кои ќе им бидат потребни во иднина, но и заеднички ќе работат и ќе го надоградуваат политичкиот дијалог и ќе бидат предводници на разбирањето, меѓусебната поддршка и политичкиот дијалог во Република Македонија.