Изборна симулација на локални избори 2017
31.10.2017

Изборна симулација на локални избори 2017

Институт Охрид организираше симулација на локални избори во периодот од 20 - 22 октомври 

Како дел од својата програма „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“, Институтот Охрид организираше симулација на локални избори во периодот од 20 - 22 октомври. Изборната симулација се организираше во хотел Континентал. Младите политичари преку практични вежби и активности ги учеа основите на изборната кампања. Преку поделба на улоги и создавање измислени партии во мешан состав, младите политичари учеа за неопходноста од соработка, добра волја и заедништво.