Конференција на Балканската мрежа за слобода: „Претприемништво и слобода“!
14.08.2018

Конференција на Балканската мрежа за слобода: „Претприемништво и слобода“!

Балканската мрежа за слобода е чадор-организација на тинк-тенк организации од Балканот кои се залагаат за слобода. Годишната конференција „Слобода и претприемништво“ ќе се одржи од 08 до 11 ноември во Сараево.

Балканската мрежа за слобода е чадор-организација на тинк-тенк организации од Балканот кои се залагаат за слобода. Мисијата на Балканската мрежа за слобода е да го зајакне слободарското движење на Балканот преку активна поддршка на нејзините членови во остварување на своите цели, вмрежување и унапредување на нивните капацитети и ресурси. 

Основачи на Балканската мрежа за слобода се „Либерален форум“, „Мулти.ба“, „Институт Луча“, „Балкански објективистички центар“, „Центар за анти-авторитарни студии“, „Институт Охрид“.

Конференцијата на Балканската мрежа за слобода: „Претприемништво и слобода“ на едно место собере истражувачи, претставници од бизнис секторот, суденти и преставници на НВО со цел да се истражат и дискутираат ефектите на слободниот пазар врз слободата и развојот на поранешните авторитрарни држави за првпат во историјата на Балканот.

Зошто?

Ние го цениме слободниот пазар и слободното претприемништво како највисоко достигнување и идеа на нашето време. Ние го цениме дијалого и слободата на говор, како и желбата да дискутираме идеи. Ние поттикнуваме академски пристап и трагаме по знаење и нови искуства.

„Либерален форум“, „Институт Луча“ и „Асоцијација Мулти“ со гордост ја организираат првата годишна конференција на Балканската мрежа за слобода „Претприемништво и слобода“.

Овој тридневен настан ќе се одржи од 8 до 11 ноември 2018 година, во Сараево. На конференцијата ќе присуствуваат околу 100 учесници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија, а ќе има и претставници од државите-партнери. Значителен број на академски трудови ќе бидат презентирани на конференцијата, на која ќе има и работилници и панели со експерти. 

Оваа конференција ќе го означи и основањето на регионалната мрежа посветена на промоција и научен пристап кон истражувањето на слободниот пазар и градење на капацитетите на релевантни непрофитни организации.

За повеќе информации посетете ја веб-страната на Балканската мрежа за слобода и следете ја официјалната страна на Фејсбук, со цел да бидете во тек со сите активности.