Лидерска академија 2017: Лидерство со интегритет
20.11.2017

Лидерска академија 2017: Лидерство со интегритет

Од 17 до 19 ноември, во Охрид, се одржа вториот модул на Лидерската академија 2017 година

Институт Охрид, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, викендов (17-19 ноември) го организираше вториот модул од Лидерската академија 2017.

Младите политичари навлегоа малку подлабоко во темата Лидерство со интегритет и дополнително ги надоградуваа своите вештини и знаења во областа на лидерството.