Лидерска академија 2017: Заокружен третиот модул за лидерството!
11.12.2017

Лидерска академија 2017: Заокружен третиот модул за лидерството!

Третиот и последниот модул на Лидерската академија се одржа викендов во Битола

Третиот и завршен модул на Лидерската академија 2017 година се одржа викендов (08-10.12) во Битола.

Младите политичари го заокружија процесот на зацврстување и надоградување на своите знаења, вештини и лидерски капацитети преку сет на темелно усовршена и изградена програма.

Со оглед на тоа дека 10 декември е Меѓународниот ден на човековите права, последниот ден од третиот модул беше комплетно посветен на човековите права, слободата на говор и говорот на омраза и младите политичари и лидери го одбележија овој ден со најразлични дискусии, вежби и видеа посветени на развојот и заштитата на човековите права.