Лидерска средба меѓу подмладоците по повод Меѓународниот ден на толеранцијата
16.11.2017

Лидерска средба меѓу подмладоците по повод Меѓународниот ден на толеранцијата

Институт Охрид организираше Лидерска средба со претседатели и претставници од политичките подмладоци по повод Меѓународниот ден на толеранцијата

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, Институтот Охрид иницираше и организираше лидерска средба помеѓу претседатели и делегирани претставници на политичките подмладоци во Република Македонија. Лидерската средба имаше за цел да го одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата, имајќи предвид дека толеранцијата е клучна при развивање на дијалог, напредок и развој во едно општество.

Институтот Охрид преку својата долгогодишна програма „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“ ја зема толеранцијата како еден од основните столбови при градењето на дијалогот и преку своите активности се труди постојано да го развива политичкиот дијалог, толеранцијата, комуникацијата и разбирањето помеѓу политичките подмладоци.