Меморијална изборна симулација „Марија Михајловска“
26.12.2016

Меморијална изборна симулација „Марија Михајловска“

Младите политичари викендов во Струмица учествуваа во изборна симулација.

Во периодот од 23 до 25 декември 2016 година, во Струмица, се одржа меморијалната изборна симулација „Марија Михајловска“, во чест на Марија Михајловска од МОДОМ, една од нашите алумни и учесничка во голем дел од активностите на програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“ уште од самите почетоци на програмата. Марија требаше да биде дел од оваа симулација, но на неизмерна тага за сите кои ја познаваа, таа трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.

На симулацијата учествуваа претставници од сите активни политички подмладоци во Република Македонија. Младите политичари преку интерактивна вежба и симулација ги учеа пристапите и начините на пости-изборни коалицирања. 

Покрај тоа, младите политичари ги учеа и основите на дебатирање и давање интервју и се здобија со вештини кои ќе им помогнат во понатамошните политички кариери.