No Hate: Тренинг за препознавање и спречување говор на омраза
21.03.2017

No Hate: Тренинг за препознавање и спречување говор на омраза

Младите политичари учествуваа на тренинг за препознавање и спречување говор на омраза.

Младите политичари од политичките подмладоци во Република Македонија учествуваа на тренинг за препознавање и спречување на говор на омраза, како дел од програмата Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија.

Преставниците на политичките подмладоци преку интерактивни дискусии и вежби се запознаа со главните поими и дефиниции во однос на говорот на омраза, правните рамки и добрите искуства од другите европски држави, а воедно и стекнаа вештини за препознавање на говорот на омраза, но и знаење за најразличните начини на кои можат да пријават или да спречат говор на омраза.

За потребите на овој тренинг се користеа „Обележувачи“, прирачник издаден од страна на Совет на Европа.

Институтот Охрид е дел од Националниот комитет против говор на омраза од 2014 година и преку своите активности ја поддржува кампањата No Hate Speech Movement.