Декларација за фер и демократски избори 2020
03.12.2020

Декларација за фер и демократски избори 2020

Триесет и три претседатели на политичките подмладоци ја потпишаа декларацијата за фер и демократски избори 
Со потпишување на Декларацијата, младите политичари пренесоа порака на македонската јавност дека се заложуваат за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза. Тие покажаа дека се искрено посветени на подобрување на демократската клима во изборниот процес, не потценувајќи ја сериозноста на времето во кое сите се наоѓаме и апелирајќи младите да се вклучат во изборниот процес, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.