Youth PASSION - Партнерство за социјално вклучување и вмрежување.
03.12.2020

Youth PASSION - Партнерство за социјално вклучување и вмрежување.

Млади луѓе од Република Северна Македонија и Република Бугарија заедно, со надминување на сите меѓусбни разлики придонесуваат за вмрежување и соживот помеѓу сите млади од овие две држави како и Балканот.
Главна цел на оваа програма е да ги зајакне комуникациските односи помеѓу младите луѓе од Република Северна Македонија и Република Бугарија, а исто така претставувајќи одлична можност за културна размена помеѓу младите од Балканот. Засновајќи се на етничка разновидност, заеднички ставови и вредности за слобода, толеранција како и почитување на човековите права, овој прокет ќе го зајакне критичкото размислување кај учесниците. Програмата и нејзините активности ќе градат прекугранично партнерство помеѓу младите, отворајќи  нови хоризонти и идеи за иден развој и соработка помеѓу овие две држави на Балканот.
Youth passion