Образованиот млад лидер – показател за напредокот на државата
10.09.2018

Образованиот млад лидер – показател за напредокот на државата

На покана на Институтот за политика од Република Бугарија, Институтот Охрид учествуваше на дискусија „Образованиот млад лидер – показател за напредокот на државата“ која се оддржа минатиот петок во Струмица.

На оваа дискусија свое излагање имаа претставници од Институт Охрид, но и претставници од подмладоците на политичките партии од Република Македонија.

Се дискутираше за различните начини на политичко образование и како сите образовни активности кои влијаат на создавањето на амбициозни млади политичари со изградени капацитети. 

Претставниците на Институт Охрид зборуваа за искуството и влијанието на програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“ и начинот преку кој оваа програма помогна за развојот на капацитетите и политичкиот дијалог помеѓу младите политичари. Претставниците на политичките подмладоци зборуваа за своите искуства и за значењето на неформалното образование при развојот на младиот политичар во Република Македонија.