Повик за пријавување на Школа за млади политичари!
19.07.2018

Повик за пријавување на Школа за млади политичари!

Институтот Охрид со големо задоволство го објавува повикот за учесници на првата Школа за млади политичари која ќе се одвива во периодот од септември до октомври 2018

Школата за млади политичари е уникатен формат кој има за цел да ги зајакнува капацитети на младите политичари и да ги надоградува нивните вештини и знаења во насока на нивната политичка кариера. 

Школата за младите политичари ќе биде во времетраење од 8 недели, а сите предавања ќе се одржуваат во Скопје. Предвидени се предавања кои ќе опфаќаат различни теми од областа на лидерството, ораторството, комуникација со медиуми и односи со јавност, политичка култура и дебата. 

Школата за млади политичари ќе започне во септември, а учесниците кои успешно ќе ја завршат Школата за млади политичари ќе добијат и сертификат за учество.

Услови за учество:
- 18-29 години
- член на подмладок на политичка партија во Република Македонија

Рокот за аплицирање е до 15.08.2018 година.


За да аплицирате на Школата за млади политичари треба да го попополните формуларот (линк до формуларот).

Доколку имате прашања околу Школата, можете да се обратите на [email protected] или на телефонскиот број 070 840 559 (Марија).

 

Ги очекуваме вашите пријави!