Повик за пријавување на програмата „Млади балкански лидери“!
19.09.2018

Повик за пријавување на програмата „Млади балкански лидери“!

Рокот за пријавување е до 25.09.2018 година

Институт Охрид со големо задоволство го објавува повикот за учесници на програмата „Млади балкански лидери“ која ќе се одвива во периодот од септември 2018 година до март 2020 година.

Програмата „Млади балкански лидери“ е уникатен формат кој има за цел да ги зајакнува капацитетите на младите лидери и да ги надоградува нивните вештини и знаења во насока на нивната понатамошна кариера и граѓански ангажман.

Програмата „Млади балкански лидери“ има за цел да создаде идни лидери, да развива вештини за комуникација и проектен менаџмент преку јавно говорење, планирање на настани и себепознавање.

Програмата е структурирана на начин да обезбеди обуки и едукација со вклучување на најеминентни академици и професионалци. Оваа комбинација на теорија и пракса на учесниците им дава една уникатна програма која истовремено ќе развие и проширено разбирање на општествените науки и вештини за критичко размислување и ќе им даде на младите луѓе алатки кои им се потребни за да го разберат модерниот свет.

Програмата „Млади балкански лидери“ ќе биде во времетраење од вкупно 4 недели, а предавањата ќе се одржуваат во Македонија, Бугарија и Србија.

Предвидени се предавања кои ќе опфаќаат најразлични теми од областа на лидерството, ораторството, комуникација со медиуми и односи со јавност, политичка култура и дебата. Програмата ќе започне во октомври 2018, а учесниците кои успешно ќе ја завршат ќе добијат и сертификат за учество.

Услови за учество:

Основни критериуми кои учесниците во Школата мора да ги исполнуваат:

  

1.      Да се на возраст од 18 до 28 години

2.      Да го познаваат англискиот јазик – усно и писмено

3.      Да се мотивирани и да сакаат да ги осознаат вештините на лидерството

4.      Да сакаат тимска работа

5.      Да се активни претставници на младите во општеството

6.      Да имаат искуство во работа со различни заедници

7.      Да имаат интензивен интерес за промените кои се случуваат во општеството

8.      Да се на одредена активна граѓанска позиција

9.      Да се добро информирани за збиднувањата и проблемите во општеството и да имаат сопствени гледишта и визии за решавање на истите

10.  Да се мотивирани да работат на решавање на конкретни проблеми во одредена област и да добијат подршка за нивното решавање

11.  Да имаат искуство во изработка и реализирње на проекти и проектни активности

12.  Да ги познаваат проблемите во својата област на делување, политиките кои се применуваат и решенијата кои се нудат

13.  По приклучувањето на обуката да организираат сопствена доброволна иницијатива или компанија која ќе таргетира некој општествен проблем

 

Рокот за пријавување е до 25.09.2018 година.

 

За да се пријавите на оваа уникатна програма, испратете CV и мотивационо писмо на [email protected]. За повеќе информации, обратете се на [email protected] или на телефонскиот број 070 840 559 (Марија).