Пријавете се на програмата „Локално Активно Вмрежување на Младите во Институциите“ (ЛАВМИ)!
19.02.2018

Пријавете се на програмата „Локално Активно Вмрежување на Младите во Институциите“ (ЛАВМИ)!

Пријавете се на програмата „Локално Активно Вмрежување на Младите во Институциите“ (ЛАВМИ)!
Краен рок за пријавување: 23.02.2018 (петок)

Млади за политика или политика за млади - исто е, ама не е исто.
Правите ли разлика помеѓу партија и политика? 
Каков е процесот на донесување политики за млади во локалната самоуправа?
Имате ли некаков предлог и идеја за решавање на некои од проблемите во Вашата општина?

Доколку сметате дека овие теми се интересни и корисни, ЛАВМИ е вистинската програма за Вас!

„Локално активно вмрежување (вклучување) на младите во институциите“ (ЛАВМИ) е програма која има за цел да ја крене свесноста и знаењето за тоа што е политика, а што партија, што е партизираност, а што политизација. ЛАВМИ ќе им овозможи на учесниците одлична можност да се стекнат со вештини за создавање и пишување предлог-проекти, а истовремено ќе стекнат и повеќе знаење за процесот на креирање политики за млади.

Оваа програма ќе се одвива во шест скопски општини: Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров.

Програмата е поделена во три модули кои ќе се спроведат во период од неколку седмици. 

Доколку живеете во некоја од овие општини, Ве охрабруваме и поттикнуваме да се пријавите!

Рокот на поднесување е до: 23.02.2018 година (петок)

Доколку имате прашања, слободно можете да се обратите на [email protected] или 070 840 559 (Марија) и 078 383 508 (Соња).

Формуларот за пријавување можете да го најдете тука.