Семинар „Лидерство во избори“
15.04.2019

Семинар „Лидерство во избори“

Од 12 - 14 април 2019 година се одржа семинарот „Лидерство во избори“

Изминатиот викенд, Институт Охрид го организираше семинарот „Лидерство во избори“. На семинарот присуствуваа млади политичари од сите политички подмладоци. Семинарот беше поделен во неколку модули на кои младите политичари ги надоградуваа своите знаења во областа на говорот на омраза, организација и спроведување на избори и изборни циклуси и се запознаа со најважните аспекти при организирање на изборна кампања.  Семинарот беше во склоп на програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари“.