Успешно го заокруживме и вториот модул од програмата „Млади балкански лидери“!
24.06.2019

Успешно го заокруживме и вториот модул од програмата „Млади балкански лидери“!

Институтот ОХРИД заедно со своите партнери, Институтот за политика од Софија, општина Струмица, општина Стари Град и Асоцијација БестСелер од Белград го организираше вториот модул од проектот „Млади Балкански Лидери” кој се одржа од 16 до 22 јуни во Ниш, Република Србија.

Во сколоп на овој модул учесниците на проектот имаа можност да присуствуваат на обуки и дискусии со професори и професионалци од трите земји учеснички во програмата. Меѓу темите кои беа обработени беа и: мултикултурен дијалог, организациски вештини, медиуми, протокол, ангажирање на младите во општествените процеси, енергетика, социјална психологија - вербална и невербална комуникација, човекови права, како и лидерство.

Учесниците го посетија и  Народното Собрание на Србија, каде домаќин беше проф. д-р Жарко Обрадовиќ, кој е претседател на Комисијата за надворешна политика. Тој им честиташе на организаторите на проектот и ја поздрави иницијативата за размена на добри практики меѓу младите луѓе од Балканот  кои ќе придонесат за воспоставување на интензивни контакти и партнерства во политичката, економската и социјалната сфера.

Проектот за Млади Балкански лидери се спроведува во три држави подржан од Еразмус програмата. Следниот трет модул на проектот ќе се одржи кон крајот на оваа година.