Во тек е петтата Школа за млади политичари!
15.03.2019

Во тек е петтата Школа за млади политичари!

Поради големата заинтересираност за Школата за млади политичари, Институт Охрид започна уште еден циклус со нови кандидати и учесници.

Школата за млади политичари е уникатен формат кој има за цел да ги зајакнува капацитети на младите политичари и да ги надоградува нивните вештини и знаења во насока на нивната политичка кариера. Школата за млади политичари опфаќа широк опсег на теми од областа на лидерството, ораторството, комуникација со медиуми и односи со јавност, политичка култура и дебата. Учесниците во текот на Школата ќе се здобијат со знаења и вештини кои ќе можат да ги користат во нивното професионално унапредување и политичко дејствување. 

Школата за млади политичари е дел од програмата Политички дијалог помеѓу младите политичари која Институтот Охрид ја спроведува од 2010 година.