Започна Школата за млади политичари!
19.11.2018

Започна Школата за млади политичари!

Минатата недела започна Школата за млади политичари

Минатата недела започнаа предавањата на Школата за млади политичари. Школата за млади политичари е единствена и прва школа од ваков тип и која опфаќа серија на неделни предавања на кои младите политичари од различни политички подмладоци учат за различни области од полето на политиката како: односи со јавност, идеологија, ораторство, политичка култура, дебата, лидерство, итн.

Школата за млади политичари има за цел да ги зајакнува капацитети на младите политичари и да ги надоградува нивните вештини и знаења во насока на нивната политичка кариера, но и да го поттикне и негува политичкиот дијалог и да ја развива политичката култура.